Партнерот ја оставил додека била бремена, заради ракот на мајка ѝ банкротирала – Тажната приказна на Драгана Катиќ
- Детали
- недела, 23 јуни 2024
Сама ги одгледала синовите близнаци затоа што партнерот ја оставил додека била бремена, отворено зборуваше за тешкиот период низ кој поминала додека требала сама да се грижи и за мајка ѝ која боледувала од рак – тешката животна приказна на водителката Драгана Катиќ.
Драгана Катиќ е позната српска водителка која кај нас се прослави благодарение на емисиите „Гранд продукција“ и „Никад није касно“, а иако важи за секогаш ведра и насмеана личност, нејзината животна приказна воопшто не била лесна.
Првиот животен удар го добила уште во 1988-ма година, кога тогашниот партнер ја оставил додека била бремена со близнаците Бобан и Бојан, за кои се грижела сама, со помош на родителите.
Иако претходно не биле во брак, нејзиниот партнер ги признал децата и им го дал презимето, но тоа можеби било и единственото нешто што им го дал.
Во една пригода Драгана зборуваше јавно за таткото на нејзините синови, па рече:
„Ние бевме две личности што со години се познаваа, бевме во некоја врска, се обидовме да живееме заедно и сфативме дека тоа не оди. Всушност, јас одлучив сама да не се малтретирам.
Тоа беше крај и со тоа расчистив. Тој, потоа, од најразлични, но оправдани причини не можеше многу да учествува во одгледувањето на неговите синови“.
Ова е една од ретките изјави што таа ги дала за бившиот, а секогаш вели дека не сака да зборува за него, затоа што тој веќе не е меѓу живите.
Инаку, пред неколку години таа го тужеше таткото на нејзините синови за неплатена алиментација, но набрзо по поднесената тужба тој починал во 2019-та година, така што целиот процес бил стопиран.
Во српските таблоиди долго се ширеа гласини дали нејзините синови ќе имаат право на имотот од татко им, ако се земе предвид дека тој во меѓувреме се преженил за друга жена и имал деца со неа, но Драгана повеќе не даваше изјави на таа тема.
Најтешкиот период во нејзиниот живот бил кога децата биле матуранти. Додека требало да се подготвуваат за прослави, екскурзија, животот ѝ задал еден голем удар, па Драгана морала да бара и стручна помош и да оди на психолог.