Улогата во „Кога лисјата паѓаат“ ја смета за проклество - Како изгледа денес Фикрет?
- Детали
- недела, 23 јуни 2024
Секогаш добива улоги на несреќни и меланхолични жени, а приватно е целосно поинаква. Улогата на Фикрет од серијата „Кога лисјата паѓаат“ ја смета за проклетство. Што прави денес турската актерка Бену Јилдирмлар?
Една од најгледаните турски серии во нашата земја е серијата „Кога лисјата паѓаат“.
Првата епизода на оваа серија беше емитувана во 2006 година.
Една од главните улоги во „Кога лисјата паѓаат“ ја имаше актерката Бену Јилдирмлар, која ја глумеше Фикрет, најстарата ќерка на главниот протагонист Али Риза.
Серијата ја раскажува приказната за животот на едно турско семејство кое се сели од мал град во Истанбул и почнува да се прилагодува на секојдневието на големиот град.
Иако ѝ донесе голема популарност, Бену ја смета улогата на Фикрет за проклетство.
Поради постојаното реемитување на серијата, публиката добива впечаток дека Бену може да игра само таков тип на улоги, па и продуцентите не ѝ нудат нешто поинакво.
Иако најчесто добива улоги на несреќни и затворени жени, приватно, како што вели самата, е целосно поинаква.
Бену кариерата ја започнала како театарска актерка.
Денес има 54 години, родена е во Истанбул и таму го поминала своето детство.
Од 1995 година е во брак со својот колега Булент Емин Јарар, кој е 9 години постар од неа.
Плод на нивната љубов е ќерката Ада, која веќе тргнала по стапките на своите родители и студира глума.
Во своите интервју честопати истакнува дека најмногу сака времето да го поминува со своето семејство.
Освен тоа, обожава да се дружи со своите пријатели и себеси се смета за многу друштвена личност.
Бену е и одлична домаќинка, која сака сѐ да биде уредно во домот, а најмногу сака да подготвува јадења со зеленчук и маслиново масло.