Цеца објави дует со Војаж на 51-иот роденден: Носи фустан од македонски дизајнер
- Детали
- сабота, 15 јуни 2024
Цеца Ражнатовиќ во новиот спот носи црвен фустан од македонски дизајнер. Таа на роденденот ја објави новата песна со Војаж, која се очекува да биде уште еден нејзин голем хит летово.
Фолк дивата Цеца Ражнатовиќ, вчера (14.06) го прослави својот 51-ви роденден. Нејзиниот Инстаграм профил е преплавен со голем број честитки и убави желби, а таа токму на овој ден одлучи на својата публика да ѝ подари уште една нова песна.
По дуетот со Жељко Јоксимовиќ, на денот на нејзиниот роденден беше објавен дуетот со младата трап ѕвезда Војаж, насловен „Muškarčina“, за кој е направен и нов видео спот.
Во спотот Цеца се појави во тесен црвен фустан од српскиот дизајнер Предраг Ѓукниќ, како и високи потпетици со црвени кристали.
Освен овој фустан, таа носеше уште еден, кој е со потписот на нашиот дизајнер Мите Занов.
По повод нејзиниот роденден на Инстаграм Стори кај неа се објавени голем број честитки, а прва ѝ честиташе ќерката Анастасија, која неодамна стапи во граѓански брак со сопругот Немања Ѓудељ.
Таа објави нивна заедничка фотка, на која напиша:
„Среќен роденден на најдобрата мајка на светот!!! Биди секогаш среќна, ништо помалку не ти одговара! Те сакам!
Освен Анастасија, и зетот на Цеца, Немања Гудељ сподели нивна заедничка фотка од венчавката што се одржа пред само неколку недели, а на неа напиша:
„Среќен роденден Цеци моја најдрага и најдобра! Да си ни жива и здрава и Бог да те чува и да те благослови во сè!“
Инаку пејачката откри дека роденденот ќе го прослави во кругот на семејството, а во изјава за српските медиуми рече дека многу малку работи би можеле вистински да ја изненадат.
„Немам голем број неисполнети желби, јас сум скромна личност. Сега сите ми се собрани, ќерка ми е тука, синот, внуците, би можеле екстремно да ме изненадат Бред Пит, кога би се појавил денес или Вилијам Леви“ - изјави таа.
Прочитајте и По две децении соработка Цеца и Жељко Јокисмовиќ снимија дует: Се очекува песната да биде голем летен хит
Б. С. Б. | Црнобело