Свекорот „уловен“ со симнати пантолони, гостите лудуваа под тврдина – Фотки од свадбата на синот на Род Стјуарт во Дубровник
- Детали
- понеделник, 03 јуни 2024
Невестата е родена во САД, но е горда на своите хрватски корени. Зошто синот на Род Стјуарт одлучи својата свадба да ја организира токму во Дубровник и како изгледаше луксузната веселба на која пееше и Петар Грашо?
Изминатиот викенд во хрватските медиуми топ тема беше свадбата на годината која се одржа во Дубровник, а луксузната церемонија беше во чест на синот на рок ѕвездата Род Стјуарт, Лијам и неговата девојка Никол Артуковиќ.
Свадбата се одржа во петокот (31.05), а на свадбата на Лијам и Никол присуствуваа голем број познати личности, меѓу кои секако и рок легендата Род Стјуарт.
Свадбата се одржала на 3 локации во хрватскиот град, а посебно изненадување на младенците им приреди хрватскиот пејач Петар Грашо, кој настапи со музички перформанс.
По приемот на гости во хотел и венчавката во црква, свадбената веселба се одржала во Тврдината Ловријенац, каде се славело до раните утрински часови.
Покрај големиот број објавени фотографии од лудата забава, таткото на младоженецот на Инстаграм Стори објави фотка на која стои со спуштени пантолони пред шанкот и на неа напиша:
„Како да го засрамиш најмладиот син?“
Дента по свадбата парот и нивните гости прославиле во познат клуб во Дубровник, а многумина ги интересира зошто парот одлучил токму во Хрватска да се заколне на вечна љубов?
Синот на легендарниот британски музичар, хокеарот Лиам Стјуарт е повеќе години во врска со Никол и во мај минатата година го добија синот Луи Марк Родерик Стјуарт.
Се верува дека локацијата на свадбата ја избрале заради хрватските корени на невестата која е родена во САД, но секое лето се враќала во Дубровник, од каде потекнуваат нејзините баба и дедо.
Таа за свадбата избрала фустан од хрватската дизајнерка Александра Дојчиновиќ, а секогаш истакнува дека е горда на своите корени и за неа Хрватска е втор дом.
Погледнете уште неколку фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело