„И двајцата сакаме акција и брзо темпо“ - 39 години помладата девојка на Лазар Ристовски за одморот на Малдиви
- Детали
- петок, 05 април 2024
„На Малдиви сѐ е питомо и безопасно. Тоа е место на најубавите зајдисонца, а изгрејсонцата ги преспавме“ – вели Аница Лазиќ, партнерката на актерот Лазар Ристовски, по враќањето од егзотичниот одмор.
Во изминатите неколку месеци српскиот актер Лазар Ристовски (71) е топ тема откако се дозна дека по разводот со сопругата, започнал врска со 39 години помладата колешка Аница Лазиќ (32).
Аница и Лазар заедно беа на одмор на Малдиви, а таа за српскиот портал Alo ги сподели деталите.
Како што вели, по 7 месеци снимање на серијата „Крунска 11“, Лазар ѝ дал предлог да заминат на краток одмор, па така се упатиле на островот Sun Siyam Iru Fushi на Малдивите, до каде патувале 18 часа со два авиона и еден хидроавион.
„Лазар и јас имаме сличен темперамент и сакаме акција и брзо темпо, а на енергијата на Малдивите се навикнавме побрзо отколку што очекувавме“ – вели младата актерка.
Таа вели дека Малдиви e дестинација што веднаш ќе ве маѓепса и каде секаде можете да одите боси, затоа што песокот е како пудра во бела боја.
„Веднаш ве освојува со својата убавина, боите, пријатната клима и фантастичните луѓе. На Малдиви сѐ е питомо и безопасно.
Тоа е место за најубавите зајдисонца, а за изгрејсонцата не знаеме, затоа што ги преспавме“ – вели Аница.
На својот Инстаграм профил, Аница сподели повеќе фотографии од одморот на Малдиви.
Погледнете дел од нив:
Прочитајте и Не била родена кога Лазар Ристовски (70) се оженил, но мајка ѝ не се противи на врската: Која е 39 години помладата девојка на актерот?
Б. С. Б. | Црнобело