Лазар Ристовски (71) на Малдиви со 39 години помладата девојка: „Тој ме води, јас не прашувам каде“
- Детали
- среда, 27 март 2024
„Секојпат кога ќе седнам на овој песок си помислувам дека вредеше“ – вели 39 години помладата девојка на Лазар Ристовски, Аница Лазиќ, во описот до фотките од Малдиви, каде парот е на егзотично патување.
Популарниот српски актер Лазар Ристовски кој од октомври минатата година е во врска со 32-годишната Аница Лазиќ деновиве е на егзотично патување со неа на Малдиви.
Таа на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која заедно позираат држејќи се за рака и уживаат на рајската дестинација.
Аница е насмеана и во бело монокини, а до фотката накратко напиша:
„Кога тој ме води, јас не прашувам каде“.
Претходно Аница откри дека иако до рајската дестинација патувале 18 часа со 2 авиона и 1 хидроавион, но штом ќе седне на белиот песок, си помислува дека „вредело“.
Неодамна Аница отворено зборуваше за врската со актерот, па во изјава за српските медиуми рече:
„Јас не сонував премногу за венчавка кога бев девојче, ниту денес тоа не ми е многу важно. Јас на тоа повеќе гледам како на форма, а поважна ми е суштината.
Нам жените ни е убаво да носиме венчаници. Не страдам за тоа да се омажам, поважно ми е да ја живеам суштината на љубовта, а тоа веќе го имам, фала му на Бога“.
За потсетување, Лазар Ристовски во 2022-ра година се разведе по 4 децении брак, а речиси сите беа затекнати кога објави дека е во врска со младата актерка со која заедно работеше на серијата „Дрим тим“.
Прочитајте и Не била родена кога Лазар Ристовски (70) се оженил, но мајка ѝ не се противи на врската: Која е 39 години помладата девојка на актерот?
Б. С. Б. | Црнобело