Сергеј Четковиќ и сопругата прославија сребрена свадба – тој ѝ пее на уво негова балада, се гледаат вљубено
- Детали
- понеделник, 18 март 2024
„И лета времето, светот се врти... и така 25 години“ – напиша Сергеј Четковиќ во видеото на кое со сопругата влегуваат во гламурозни аутфити на прославата за 25 години брак, од кој круна се нивните 2 посвоени ќерки.
Сергеј Четковиќ и неговата сопруга Кристина важат за еден од најхармоничните парови на естрадата во регионот, а за тоа е доказ и нивната последна прослава.
Тие направија гала вечер по повод сребрена свадба во елитен ресторан во Белград, каде присуствуваа нивни роднини, пријатели и познати личности кои се блиски до парот.
Сергеј објави видео од нив двајца, облечени во гламурозни аутфити, како влегуваат на прославата, а во описот напиша: „И лета времето, светот се врти... и така 25 години“.
Кристина е облечена во сребрена, светкава тоалета со шлиц и блеска покрај него, а во коментарите на видеото стои нешто што не остана незабележано: „Како тој ја гледа со љубов“.
Во една прилика, Сергеј има изјавено дека е вљубен во неа уште од дете, бидејќи нивните семејства се познавале одамна, а очигледно дека љубовта никогаш не го намалила својот сјај.
На прославата, пејачот на едни од најемотивните љубовни песни, во свој стил, ѝ пееше на сопругата на уво и прегрнати танцуваа на неговата балада „Na prvi pogled“.
фото: Инстаграм Стори
На Инстаграм е споделен и еден од подароците на парот, а тоа е медал на кој се испишани нивните имиња и пишува „25-годишнина“.
Присутните на прославата, но и останатите на социјалните мрежи, коментираат дека не знаат за поголема љубов и поубав брак од оној кој го имаат Сергеј и Кристина.
Сергеј за магазинот Gloria има откриено дека тајната за нивниот складен брак е тоа што никогаш не ги туркаат проблемите под тепих и вели дека нивното семејство е цврсто како карпа.
Круна на нивниот брак и љубов, се нивните две посвоени ќерки Лола и Мила, за кои велат дека било судено да бидат нивни деца.
Прочитајте и Сопругата на Сергеј Четковиќ за посвоените ќерки: „Тие се родени за нас, ние им бевме судени како родители“
Кратко видео на кое се доловува атмосферата од прославата:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





