Сопругата на Сергеј Четковиќ за посвоените ќерки: „Тие се родени за нас, ние им бевме судени како родители“
- Детали
- четврток, 09 декември 2021
„Без разлика на тоа што ние не сме ги родиле, ние им бевме судени, тие се родени за нас, и ние сме се родиле да им бидеме родители. Бог имаше таков план и благодарна сум за тоа“ – вели сопругата на Сергеј Четковиќ, Кристина за двете посвоени ќерки Лола и Мила.
Сите знаат дека голем број од емотивните љубовни песни на Сергеј Четковиќ (45) се посветени на неговата сопруга Кристина Четковиќ (44) која до неодамна се криеше подалеку од очите на јавноста.
Во последниот период одлучи да ѝ се доближи повеќе на публиката преку нејзините кулинарски видеа што ги објавува на нејзиниот YouTube канал и Инстаграм профил Remek Jelo.
Кристина е посветена сопруга и мајка на двете посвоени ќерки Лола и Мила, а во интервју за Blic говореше за нејзините две ќерки.
Сергеј и Кристина во 2010-тата година ја посвоиле малата Лола, а две години подоцна во нивниот дом пристигнала и 4-месечната Мила.
Кристина вели дека моментот кога девојчињата пристигнале во нивниот дом бил најубавиот миг во нејзините животи.
Како што раскажува, Лола била мошне мирно бебе, додека Мила уште од самиот почеток покажала дека е бунтовна.
„Лола беше прекрасно, мирно бебе, само се смееше. Нејзиното доаѓање го помнам како еден од најубавите мигови во животот.
Воопшто немаше страв, веднаш се вклопивме како целиот живот да бевме заедно. Мила беше мошне немирна и сега се шегувам дека ако беше Мила прва, немаше да посакаме да имаме друго дете“ – вели Кристина за Blic.
Парот никогаш не криел од девојчињата дека се посвоени, а велат дека тие биле судени да бидат нивни ќерки.
Сепак, тоа не значи дека доколку девојчињата некогаш посакаат да ги запознаат биолошките родители Сергеј и Кристина ќе им го забранат тоа.
„Тие две одамна знаат дека се посвоени и тоа е најважно. Нема никакви забранети теми или лаги во нашиот однос. Никогаш и не сме помислиле да скриеме нешто од нив.
Тие знаат сè и доколку некогаш посакаат да ги запознаат своите биолошки родители, ние ќе бидеме тука за да направиме сè што е во наша моќ за тоа да се случи.
Тоа се нормални работи, не се плашам од тоа, затоа што никој друг не може да им биде „повеќе“ мајка или татко, без разлика на тоа што ние не сме ги родиле.
Ние им бевме судени, тие се родени за нас, и ние сме се родиле да им бидеме родители. Бог имаше таков план и благодарна сум за тоа“ – вели Кристина.
Инаку, Сергеј и Кристина се во брак повеќе од две децении, а минатата година во интервју за Gloria, пејачот ја откри тајната за нивниот складен брак.
„Проблемите никогаш не ги туркаме под тепих, туку со нив се соочуваме зрело и рационално. Се трудиме секогаш да го задржиме ведриот дух и секогаш кога тоа е возможно сè да свртиме на шега.
Имаме доволно време и искуство зад себеси за да трошиме енергија на тривијални нешта. Нашето семејство е цврсто како карпа, а и нашата љубов“ – рече тогаш Сергеј.
Инаку, Лола и Мила се инспирација и за српскиот цртан филм Lola I Mila што беше креиран од Сергеј и Кристина, a Сергеј на својот Инстаграм профил редовно објавува видеа од овој цртан филм, но и со неговите ќерки.
Погледнете неколку видеа во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело