На 3 години дознала дека е посвоена, на училиште ја викале ‘црна овца’: Која е ќерката на Владе Дивац?

Петра, ќерката на кошаркарската легенда Владе Дивац вели: „Дознав дека сум посвоена на 3 или 4 години, баш бев мала. Жена во парк доеше дете, па ја прашав мајка ми што прави, бидејќи никогаш не сум видела такво нешто. Јас секогаш пиев млеко од шишенце. Тогаш таа ми кажа дека сум посвоена и што значи тоа“.

na-3-godini-doznala-deka-e-posvoena-na-uchilishte-ja-vikale-crna-ovca-koja-e-kjerkata-na-vlade-divac-01.jpg

Кошаркарската легенда Владе Дивац и неговата сопруга Ана, имаат три деца - синовите Лука и Матија, и Петра, ќерката која ја посвоиле кога имала само 6 месеци.

Парот никогаш не криел дека имаат посвоено дете, а тоа не го криеле ни од девојчето.

Иако Петра знаела дека е посвоена и растела со многу љубов од своите браќа и родители, сепак немала лесно детство, бидејќи децата во нејзиното окружување биле сурови, ја исмејувале, малтретирале и ја навредувале.

Сега, на 26 години, Петра почнува да работи на проектот „Посвоени за посвоените“ за да им го олесни детството на оние што се нашле во ситуација слична на нејзината, а немаат поддршка од околината.

За да го промовира проектот, Петра гостуваше во емисија, во која искрено зборуваше низ што сè поминала во детството и тинејџерските години.

„Мислам дека сум храбра што излегувам јавно да зборувам на тема за која не се говори многу кај нас и која носи лоша стигма. Јас дознав дека сум посвоена на 3 или 4 години, баш бев мала.

Жена во парк доеше дете, па ја прашав мајка ми што прави, бидејќи никогаш не сум видела такво нешто. Ме интересираше, затоа што секогаш пиев млеко од шишенце. Тогаш мајка ми ми кажа дека сум посвоена и што значи тоа“, вели Петра.

Откако дознала дека Ана и Владе не ѝ се биолошки родители, Петра често си поставувала прашања за своите биолошки родители, особено додека била во тинејџерските години.

„Мислам дека луѓето немаше да се интересираат премногу ако не бев дете на славни родители. Често ме прашуваат како е да се биде посвоен, ги копка тоа што не го знаат.

Не знам што да им кажам. Ме посвоиле на 6 месеци, и така пораснав. Ова е мојот живот, за друг живот не знам. Отсекогаш сум живеела како мама да ме родила.

Но, сакам да им кажам на луѓето дека нема разлика меѓу мене и моите браќа“, вели Петра.

Таа сепак имала проблеми на училиште.

„Во школо ми велеа дека сум црна овца, дека сум поинаква од моите браќа. Имав поддршка од целото семејство, а не ми беше лесно. Се сеќавам, дента се вратив порано дома и кога мајка ми ме виде како плачам, ѝ кажав што се случило.

Ме праша дали има разлика меѓу мене и браќата, па кога ѝ кажав дека нема, ме праша: ‘Па зошто плачеш тогаш?’.

Никогаш не сум почувствувала разлика во нивната љубов. Отсекогаш сум била принцезата во семејството, а родителите ми овозможија да имам сè“, вели Петра.

Што друго знаеме за Петра?

Таа живее на релација САД - Србија.

Од дете е активно вклучена во работата на фондацијата на нејзиниот славен татко. 

Ќерката на Дивац вели дека и самата би сакала да посвои дете и да му даде љубов како што нејзините родители ѝ давале неа.

Петра скоро три години е во среќна врска со Михајло Веруовиќ со кого често си разменува љубовни пораки преку Инстаграм.

Пред неколку години медиумите наголемо пишуваа за скандалот кога нејзиниот татко се степа со фудбалерот Неша Савелиќ, откако Петра му кажала на дека ѝ испраќал недолични пораки.

Савелиќ, бил долгогодишен пријател на Дивац, во брак, со деца, но и многу постар од Петра.

По тепачката, која се случи во ресторанот на кошаркарот Дејан Бодирога во Белград, Савелиќ јавно рече дека Петра и Владе погрешно ги протолкувале неговите пораки.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика а да не каже дека тие...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg