Првиот сопруг ја изневеруваше, ѝ ја одзедоа титулата Мис Хрватска: Која е Лејла, сопругата на Тарик Филиповиќ?
- Детали
- недела, 11 февруари 2024
Пред да се запознаат, Тарик и Лејла често се гледале на јавни настани во Хрватска, но немале контакт. Денес знаат да кажат дека се виделе само трипати во животот пред да почнат врска. Од првиот брак Лејла има и син, а Тарик често вели дека тоа е и негово дете.
Љубовната приказна на познатиот водител Тарик Филиповиќ и неговата сопруга Лејла трае скоро 20 години.
Тие важат за еден од омилените парови во Хрватска и во регионот, иако приватниот живот и повеќето убави, но и тажни моменти ги чуваат за себе и ретко ги споделуваат со јавноста.
Но, кога и да објават заеднички фотографии на Инстаграм, не престануваат комплиментите за тоа колку се убави и среќни заедно, и дека и по скоро две децении заедно, делуваат заљубено.
Иако јавноста знае многу за животот на Тарик, неговата сопруга е интригантна... Која е Лејла Филиповиќ?
Лејла во 1998 година беше избрана за Мис Хрватска, но титулата ѝ ја одзедоа по само 3 дена, бидејќи беа констатирани нерегуларности во гласањето.
Според организаторите, едното ливче било неправилно пополнето и поради тоа решиле да ѝ ја одземат титулата и да ѝ ја предадат на Ивана Петковиќ, која имала најмногу гласови според телевизиските гледачи и читателите на неколку хрватски списанија.
„Круната можат да ми ја одземат само физички. Но, тие ми го извалкаа името. По ваков скандал не знам како некоја мајка ќе ѝ дозволи на својата ќерка да се пријави на избор за Мис“, изјави тогаш Лејла и се закани дека ќе ги тужи организаторите ако ѝ ја земат титулата.
На крајот таа замина на светскиот избор за Мис. Следната 1999 година изборот во Хрватска не се одржа, а титулата директно ѝ беше доделена на Ивана Петковиќ.
Таа беше во брак со тенискиот тренер Дадо Мајоли, брат на една од најдобрите хрватски тенисерки, Ива Мајоли.
Иако делуваше дека се среќни, Лејла го фати како ја изневерува, наводно со девојка на која ѝ држел часови по тенис, по што поднесе барање за развод.
Во барањето сепак стои дека парот се разведува поради „разлики во карактерот“.
Од бракот со Дадо, таа го има синот Дино. За него Тарик често знае да каже дека му е како сопствено дете.