Првиот сопруг ја изневеруваше, ѝ ја одзедоа титулата Мис Хрватска: Која е Лејла, сопругата на Тарик Филиповиќ?
Врската на Лејла и Тарик почна брзо по нејзиниот развод, но тие ја криеја од јавноста.
Пред да се запознаат, често се гледале на јавни настани во Хрватска, но немале контакт. Тие знаат да кажат дека се виделе само трипати во животот пред да почнат врска.
Тарик и Лејла беа првпат видени заедно на концерт на Халид Бешлиќ во мај 2006 година. По неколку месеци, повторно излегоа заедно во јавност, но тврдеа дека се само пријатели.
Потврдија дека се во врска во 2007 година, на наградите што ги доделуваше „Вечерњи екран“.
Тарик доцнел на церемонијата, а организаторите, кои знаеле дека се во врска, ја повикале Лејла наместо него да ја подигне наградата.
„Ние не се договоривме таа да ја земе наградата во случај да ја добијам. Ни таа не знаеше дека ќе ја викнат да излезе на сцената.
Тоа го смислиле организаторите, не е наш стил ова, верувајте“, откри подоцна Филиповиќ во интервју.
Брзо потоа, Тарик ја запросил Лејла, и тоа на свадбата на негов пријател, каде што бил кум. Откако се венчаа, по два месеца се роди нивниот син Арман.
Тој на 04.02.2024 наполни 16 години.