Пејачката Мина Костиќ ги сподели првите впечатоци од филмот за Џеј: „Боли кога гледате како постојано го тепаат“

„Приказната на Џеј не може да се спореди со онаа на Тома“ – вели пејачката Мина Костиќ која имаше можност да ја погледне премиерата на филмот Nedelja, кој ја следи животната приказна на познатиот српски пејач Џеј Рамадановски. Кои се нејзините први впечатоци?

pejachkata-mina-kostikj-gi-spodeli-prvite-vpechatoci-od-filmot-za-djej-boli-koga-gledate-kako-postojano-go-tepaat-01.jpg

Српската пејачка Мина Костиќ која имаше сними дует со Џеј Рамадановски беше меѓу присутните што имаа можност да ја погледнат премиерата за новиот биографски филм посветен на неговиот живот, Nedelja.

pejachkata-mina-kostikj-gi-spodeli-prvite-vpechatoci-od-filmot-za-djej-boli-koga-gledate-kako-postojano-go-tepaat-02_copy.jpg

Таа, како личност што имала можност лично да го запознае пејачот и да соработува со него, даде изјава за првите впечатоци од филмот и вели дека во него речиси сè е веродостојно.

Прашана дали може да се спореди приказната на Џеј со онаа за Тома Здравковиќ, Мина вели дека нив двајца е многу тешко да ги споредите.

„Тие двајца беа боеми и имаа тажни животни приказни, но Џеј имал многу тешко детство“ – изјави Мина за Informer.rs.

pejachkata-mina-kostikj-gi-spodeli-prvite-vpechatoci-od-filmot-za-djej-boli-koga-gledate-kako-postojano-go-tepaat-03.jpg

Во однос на првите впечатоци од филмот, вели дека најпотресни ѝ биле сцените каде што Џеј постојано добивал ќотек.

„Секојпат добивал ќотек и тоа многу ме погоди. Денес истото се случува со дечињата во дом. Џеј постојано без причина добивал ќотек, тоа најмногу ме боли“ – вели Мина.

pejachkata-mina-kostikj-gi-spodeli-prvite-vpechatoci-od-filmot-za-djej-boli-koga-gledate-kako-postojano-go-tepaat-05.jpg

Таа дополни дека тешкото детство не влијаело врз него и дека кога го запознала, тој бил мошне добар и весел и дека никогаш не запознала толку среќна личност како него.

Инаку, на крај Мина вели дека била навредена заради тоа што снимателите одлучиле саундтракот за филмот да го отпее Цеца Ражнатовиќ, наместо неа.

„Џеј ме викаше ‘сестро’, што понатаму да ви кажам?“ – изјави Мина.

pejachkata-mina-kostikj-gi-spodeli-prvite-vpechatoci-od-filmot-za-djej-boli-koga-gledate-kako-postojano-go-tepaat-04-1.jpg

За потсетување, Мина и Џеј заедно ја снимија песната „Slavija“ која и денес е голем хит. Таа вели дека уште како дете била фасцинирана од него како пејач.

Прочитајте и Растел во поправни домови, внукот ја убил сестра му - Потресни факти за животот на Џеј Рамадановски

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Огњен Амиџиќ тајно се венча со 20 години помладата девојка: „Сакав Мина да го носи моето презиме“ „Сакавме венчавката да биде без врева и тој чин да остане само за нас. Ние веќе ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg