Растел во поправни домови, внукот ја убил сестра му - Потресни факти за животот на Џеј Рамадановски

Детството го поминал во поправни домови, а затоа што бегал постојано од институциите за превоспитување - го испратиле на воен рок на остров во Хрватска. Преживеа семејна трагедија кога внукот ја уби сестра му –  Факти за животот Џеј Рамадановски што можеби не сте ги знаеле.

ima-poteklo-od-makedonija-pred-da-stane-slaven-kradel-na-ulici-fakti-za-djej-ramadanovski-01.jpg

Српската публика и публиката од регионот со нетрпение го очекува новиот биографски филм за Џеј Рамадановски, легендарниот српски фолк пејач кој почина во 2020-та година.

Неговата животна приказна е исполнета со голем број емотивни моменти, а како што може да се види од првиот трејлер за филмот, публиката ќе има можност да проследи како изгледало детството на малото момче од белградската населба Дорќол, сѐ до мигот додека да стане едно од најпознатите имиња на српската и балканската музичка сцена.

Филмот е насловен по една од најпознатите песни на Џеј Рамадановски „Недеља“, а во него игра и нашата актерка Емра Куртишова, на која ѝ припадна честа да ја толкува улогата на мајката на пејачот.

Во продолжение да проследиме неколку интересни факти за пејачот, што можеби не сте ги знаеле:

Џеј Рамадановски бил роден во 1965-та година во повеќечлено ромско семејство во белградската населба Дорќол. Неговиот татко Мазлам е со потекло од Македонија и по професија бил чевлар, а мајка му Барија работела во комуналното претпријатие „Зеленило“.

Татко му Мазлам свирел на кларинет, а мајка му Барија танцувала и тие двајца се запознале на пробите во културно уметничкото друштво „Никола Тесла“.

ima-poteklo-od-makedonija-ja-zapoznal-marina-tucakovikj-dodeka-sakal-da-i-prodade-bunda-fakti-za-djej-ramadanovski-02.jpg 

Во 1972-ра година Џеј се запишал во прво одделение и завршил со одличен успех. Мајка му Барија во овој период се трудела Џеј да биде педантен ученик и во училиште да оди секогаш со испеглани панталони.

ima-poteklo-od-makedonija-ja-zapoznal-marina-tucakovikj-dodeka-sakal-da-i-prodade-bunda-fakti-za-djej-ramadanovski-03.jpg

Но, набрзо дошло до пресвртница во животот на младиот Џеј. Татко му одлучил да се пресели во Австрија и се развеле со мајка му. Џеј прво заминал со татко му во Австрија, но откако не успеал да го заврши второто одделение, татко му одлучил да го врати во Белград.

ima-poteklo-od-makedonija-ja-zapoznal-marina-tucakovikj-dodeka-sakal-da-i-prodade-bunda-fakti-za-djej-ramadanovski-04.jpg

Кога се вратил во Белград, Џеј живеел со баба му Даница, а мајка му со сестрите живеела неколку куќи подалеку од него. Во овој период тој почнал да бега од дома, цел ден сакал да го поминува на улица и да игра џамлии, да ги троши парите на баба му, а во овој период почнал и да краде од џебови по улиците.

Мајка му, Барија, кога ќе го видела на улица му удирала шлаканица и се трудела на секој начин да го доведе во ред, но не ѝ успевало, заради што тој бил пратен на превоспитување во дом за малолетници.

ima-poteklo-od-makedonija-ja-zapoznal-marina-tucakovikj-dodeka-sakal-da-i-prodade-bunda-fakti-za-djej-ramadanovski-10.jpg

Џеј бил снаодлив, па успевал да побегне од секој дом каде што ќе го ставеле, но најмногу се задржал во домот „Васа Стајиќ“ на Вождовац. Таму останал цели 9 години и завршил автолакерски занает, па на шега знаеше да каже дека бил „уметнички декоратер за лимузини“.

ima-poteklo-od-makedonija-ja-zapoznal-marina-tucakovikj-dodeka-sakal-da-i-prodade-bunda-fakti-za-djej-ramadanovski-13.jpg

Со оглед на тоа што постојано бегал од институциите, на служење воен рок го пратиле на хрватскиот остров Вис, каде поминал 6 месеци, по што добил прекоманда во градежничкиот вод во Сплит.

Во Сплит, Џеј им рекол на надредените дека повеќе сака да го стават во самица, отколку да му дадат лопата, по што бил поштеден од тешките работни задачи.

Џеј добил задача да ги чува пушките додека останатите војници копаат, но тој повторно се снашол и им плаќал на другите војници да ја завршуваат неговата задача, додека тој одел да краде низ градот.

Во едно интервју даде изјава дека во тој период заработил толку многу што на татко му му купил машина за перење облека и плочки за купатилото. Исто така, тој велеше дека не се срами од своето минато затоа што тоа сѐ придонело да израсне во таков човек каков што станал.

ima-poteklo-od-makedonija-ja-zapoznal-marina-tucakovikj-dodeka-sakal-da-i-prodade-bunda-fakti-za-djej-ramadanovski-15.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Српски пејачи кои биле уапсени (и завршиле во притвор) Теа Таировиќ била фатена со непријавени пари, Раста со дрога, а Бора Чорба обива...
„Не постои противотров за него“ – Турист во Грција почина откако беше каснат од кафеав пајак Местото каде што ве каснал кафеав пајак најчесто наликува на место зафатено со г...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Мајка ѝ не сакала да ѝ помогне, Цеца ѝ го плати лекувањето – Тажната приказна на Исидора Бјелица „Како да не ве боли кога мајка ви оди на одмор додека сте на хемотерапија, или а...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg