Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир
Првата најзначајна улога што ја добила била во серијата „Љубов и пари“ каде плачела во вкупно 54 епизоди, заради што во Турција ја нарекуваат и „девојката што постојано плаче“.
„Плачев во многу од епизодите во кои се појавив. Трикот е да веруваш во улогата што ја толкуваш. Јас сум Рак во хороскоп и плачам многу.
Имав поддршка во првите неколку епизоди за да може да ми течат солзи. Кога режисерот ќе речеше: ‘Ајде да ги искористиме емоциите’, почнував да плачам во себе.
Се повлекував во еден агол за да се наполнам со емоции, а потоа станував девојката што неутешно плаче на сцената“ – вели Бестемсу.
Таа во една пригода откри дека нејзината витка фигура се должи на нездравиот начин на исхрана што го практикува со години, па телото ѝ се навикнало.
Tаа јаде салата само двапати дневно и наместо црвено или пилешко месо, јаде само риба.
Бестемсу тврди дека никогаш не јаде по 19 часот навечер и не јаде леб, тестенини или пица.
Актерката во изминатите неколку години повеќепати беше поврзувана со повеќе познати мажи во Турција, но таа успешно го криеше идентитетот на нејзините момчиња.
Во 2022-ра година се дозна дека е во врска со бизнисменот Серкан Мехмет Дурду, кој по една година врска ја запроси, но по само еден месец од свршувачката тие двајца се разделија.
Б. С. Б. | Црнобело