Анастасија Ражнатовиќ на одмор во Дубаи - Во друштво на поранешната свршеница на брат ѝ
- Детали
- четврток, 28 декември 2023
Ана Рајковиќ, пред да стапи во брак со Предраг Рајковиќ, му беше свршеница на Вељко Ражнатовиќ. Таа сѐ уште е во добри односи со Анастасија, па двете дами со нивните сопрузи дури одлучија и заедно да заминат на одмор во претпразничниот период.
Ќерката на српската фолк дива Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, во моментов ужива со сопругот во Дубаи и со неговите колеги од српската репрезентација.
Интересно е што Анастасија се фотографираше со колегите на нејзиниот сопруг и нивните понежни половини, а малкумина се сеќаваат дека сопругата на голманот Пеѓа, некогаш му беше девојка и на Вељко Ражнатовиќ.
Заедно со нив беше и Мунир Ел Хадади, некогашниот член на ФК Barcelona, кој во моментов игра за Las Palmas и неговата девојка Андреа Далмау.
Како што може да се види од фотките, Ана и Андреа за романтичната вечера се одлучиле да носат елегантни фустани, додека Анастасија се појави во широки панталони со џебови и бела маичка со интересен принт.
Инаку, Ана и Вељко беа заедно пред тој да ја започне врската со Богдана. Во еден период беа и свршени, па таа сама на социјалните мрежи се потпишуваше како госпоѓа Ражнатовиќ.
За време на светското првенство во Катар во 2022-ра година, ја обвинија дека имала секс афера со колегата на нејзиниот сопруг - Душан Влаховиќ.
Прочитајте и Беше свршена со Вељко Ражнатовиќ, српските фудбалери наводно се скараа заради неа – Што знаеме за Ана Рајковиќ?
Б. С. Б. | Црнобело