„Мислев дека е болен“: Тончи Хуљиќ откри како сфатил дека Петар Грашо му ја завел ќерката

„Забележав дека нешто се случува помеѓу него и мојата ќерка во оној миг кога тој веќе немаше никакви забелешки (за мене). Што и да речам, тој вели дека се сложува“ – Тончи Хуљиќ откри како дознал дека неговиот колега Петар Грашо ја завел неговата ќерка Хана Хуљиќ.

mislev-deka-e-bolen-tonchi-huljikj-otkri-kako-sfatil-deka-petar-grasho-mu-ja-zavel-kjerkata-01.jpg

Поминаа речиси две години откако Петар Грашо (47) објави дека е во врска со ќерката на неговиот колега Тончи Хуљиќ, Хана (32) и ја раскина долгогодишната врска со Данијела Мартиновиќ.

Во тој период Петар се најде на удар на критики заради големата генерациска разлика меѓу него и Хана, а нејзиниот татко Тончи Хуљиќ беше меѓу првите што јавно им даде поддршка и покажа дека нема ништо против неговиот долгогодишен пријател и неговата ќерка да стапат во брак.

mislev-deka-e-bolen-tonchi-huljikj-otkri-kako-sfatil-deka-petar-grasho-mu-ja-zavel-kjerkata-04.jpg

Неодамна, Петар Грашо гостуваше во емисијата Knjazalište, а Тончи беше повикан како гостин за да каже како открил дека тој е во врска со неговата ќерка Хана.

„Јас забележав дека нешто се случува помеѓу него и мојата ќерка во оној миг кога тој веќе немаше никакви забелешки. Доаѓаме во студио, снимаме песна, и тој нема никакви забелешки.

Разговорите ни стануваат некако нормални и здодевни. Што и да речам, тој вели дека се сложува. Видов дека нешто не е во ред. Мислев дека е болен“ – вели Тончи.

mislev-deka-e-bolen-tonchi-huljikj-otkri-kako-sfatil-deka-petar-grasho-mu-ja-zavel-kjerkata-03.jpg

Инаку, познато е дека Петар Грашо и Тончи Хуљиќ во изјавите во медиумите често знаат да се пошегуваат за нивниот однос, па така Грашо не остана должен ниту овој пат.

„Јас и тој секогаш се навредуваме, но сега Тончи има веќе 62 години и страв ми е за неговото срце ако почнам со него да се шегувам погрубо.

Тоа се веќе ранливи години и лекарите ме советуваа да бидам нежен“, рече Грашо.

mislev-deka-e-bolen-tonchi-huljikj-otkri-kako-sfatil-deka-petar-grasho-mu-ja-zavel-kjerkata-02.jpg

За потсетување, Петар Грашо и Хана Хуљиќ се венчаа во февруари 2022-ра, а ќерката Алба ја добија во јули истата година.

Погледнете го видеото (изјавата на Тончи Хуљиќ е на 5:00):

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Петар Грашо го откри полот на бебето што го очекува – Дали пак ќе му го даде името што го планирал с... Пред извесен период хрватскиот пејач Петар Грашо, откри дека неговата сопруга Ха...
Петар Грашо и Хана добија син, му го дадоа името што го планирал со Данијела Хрватскиот пејач Петар Грашо и неговата сопруга Хана Хуљиќ го добија второто дет...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
„Сакам уште внучиња, но треба да почекам“: Тончи Хуљиќ по гласните дека ќерка му Хана повторно е бре... Низ хрватските медиуми брзо се прошири веста дека Петар Грашо повторно ќе стане ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg