Синот на Брена витка сарми, Неда Украден крши погача со внуките - Како се славеше Св. Архангел Михаил во домот на познатите Срби?

Новак Ѓоковиќ не беше дома за славата, Неда Украден ја покажа богатата трпеза, а Лепа Брена направи прослава со многу луѓе од јавниот живот на Србија... Како се славеше Св. Архангел во домот на познатите Срби?

sinot-na-brena-pravi-sarmi-neda-ukraden-krshi-pogacha-so-vnukite-kako-se-slaveshe-sv-arangel-mihail-vo-domot-na-poznatite-srbi-01.jpg

Св. Архангел Михаил (21.11) е еден од најголемите верски празници во Србија. А, меѓу оние кои го чествуваат овој светец и го слават се и Лепа Брена, Новак Ѓоковиќ и Неда Украден.

Тие секоја година прават вечера за пријателите, а дел од атмосферата споделуваат и на социјалните мрежи.

Оваа година, како по обичај, голем дел од естрадата дојде на гости кај Лепа Брена и Боба Живојиновиќ.

Меѓу нив беа и Саша Поповиќ, Ацо Пејовиќ, Драган Стојковиќ – Пикси, Маре Милошевиќ, но и Млаѓан Динкиќ, пренесоа српските медиуми.

sinot-na-brena-pravi-sarmi-neda-ukraden-krshi-pogacha-so-vnukite-kako-se-slaveshe-sv-arangel-mihail-vo-domot-na-poznatite-srbi-07_copy.jpg

Пред славата, помалиот син на Брена и Боба, Виктор, покажа како се подготвува славската трпеза и преку Инстаграм Стори се пофали дека помогнал да се свиткаат сармите.

„Сè е подготвено“, напиша Виктор.

sinot-na-brena-pravi-sarmi-neda-ukraden-krshi-pogacha-so-vnukite-kako-se-slaveshe-sv-arangel-mihail-vo-domot-na-poznatite-srbi-08_copy.jpg

Тој откри и дека меѓу гостите на славата бил српскиот патријарх Порфириј.

Порфириј минатата 2022 година беше гостин кај семејството Ѓоковиќ, кое исто така го слави Св. Архангел Михаил.

sinot-na-brena-pravi-sarmi-neda-ukraden-krshi-pogacha-so-vnukite-kako-se-slaveshe-sv-arangel-mihail-vo-domot-na-poznatite-srbi-02_copy.jpg

Тие лани направија голема забава, но оваа година Новак го прослави денот во Малага, Шпанија, каде што е со репрезентацијата на Србија, а каде што ќе се играат натпревари од Дејвис купот.

sinot-na-brena-pravi-sarmi-neda-ukraden-krshi-pogacha-so-vnukite-kako-se-slaveshe-sv-arangel-mihail-vo-domot-na-poznatite-srbi-03.jpg

Новак на Инстаграм објави фотографија од икона и богата трпеза, па им ја честита славата на сите на кои Архангел Михаил им е заштитник.

„Среќна слава на светиот Архангел Михаил, нашиот ангел заштитник. Се молиме да ги штити сите луѓе, да ги благослови и да ги води низ животот во спокој, љубов и здравје“, напиша тенисерот.

Св. Архангел Михаил е домашна слава и на пејачката Неда Украден.

Таа оваа година славската погача ја кршеше со своите внуки, а на Инстаграм објави и неколку фотки од семејната вечера и богатата трпеза.

„Кога домот ќе замириса на традиција“, напиша Неда на Инстаграм.

sinot-na-brena-pravi-sarmi-neda-ukraden-krshi-pogacha-so-vnukite-kako-se-slaveshe-sv-arangel-mihail-vo-domot-na-poznatite-srbi-04.jpg

 

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Србинка си дојде на „мекиците“ за своето новороденче и стана мета на критики (видео) На само 5 дена по породувањето, сопругата на српскиот голман Предраг Рајковиќ се...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
Вирално видео на Србинка: „Јас сум заменик директорка и сум патлиџан турист – со себе носам макарони... „Многу од вас мислат дека ви требаат многу пари за одмор, дека мора да можете да...
Се преполови поради болеста, сакал да биде фудбалер: Животот на еден од најбогатите луѓе на Балканот... Кога пред неколку месеци Саша Поповиќ дозна дека има сериозен здравствен проблем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg