Ноле со децата славеше титула во Торино и 400 недели прв на АТП: „Тие ми се среќната амајлија“

„Пристигнаа моите деца. Тие ми даваат сила и ми ја зголемуваат самодовербата. Секој родител знае како се чувствувам. Пресреќен сум што се тука, тие се мојата среќна амајлија“, рече Новак Ѓоковиќ, откако го сруши рекордот на Роџер Федерер на завршните Мастерс турнири.

novak-gjokovikj-so-sinot-i-kjerkata-ja-proslavi-titulata-vo-torino-i-400-nedeli-na-prvo-mesto-na-atp-tie-mi-se-srekjnata-amajlija-01.jpg

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ синоќа (19.11) во Торино седми пат во кариерата го освои завршниот Мастерс турнир, по што се зацврсти на првото место на АТП листата.

Тој го урна и рекордот на Роџер Федерер, кој има 6 титули од завршните Мастерс турнири.

Новак во финалето беше подобар од Јаник Синер со 2:0 по сетови, а откако победи, прво се затрча кон трибините каде што го дочекаа синот Стефан и ќерката Тара, па со нив ја прослави титулата.

„Пристигнаа моите деца. Тие ми даваат сила и ми ја зголемуваат самодовербата. Секој родител знае како се чувствувам. Пресреќен сум што се тука, тие се мојата среќна амајлија“, рече Новак.

По официјалното доделување на пехарот, Новак заедно со децата позираше и во соблекувалната, а видеото стана хит на интернет.

Тројцата стојат покрај пехарот, дланките им се стегнати во тупаница и со рацете покажуваат „колку се силни“.

novak-gjokovikj-so-sinot-i-kjerkata-ja-proslavi-titulata-vo-torino-i-400-nedeli-na-prvo-mesto-na-atp-tie-mi-se-srekjnata-amajlija-02.jpg

„Одиме“, пишува на видеото што го објави официјалната страница на АТП турнирите, а е всушност изразот што Ѓоковиќ го користи често пред и за време на своите натпревари.

Новак имаше уште една причина за славење – од денес (20.11), тој е официјално 400 недели на првото место на АТП листата.

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Што ти е тебе сестро?“ - Српски монах јавно ја осуди Јелена Ѓоковиќ „Јелена носи некои луѓе од белиот свет за да ги учат родителите во Србија како с...
Милош Биковиќ доби син: „Дури откако ќе станеш родител почнуваш да растеш“ „Ние прво мислиме дека треба да пораснеме за да добиеме дете, но тука има една с...
„За да добие пари од мене, мора да ми роди барем 2 деца“ – Што зборуваше првиот сопруг на Јелена Кар... Постапката за развод била завршена за неколку дена. Бојан ја извадил бурмата вед...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg