Тамара Милановиќ од X-фактор: Беше сон на мажите, се пресели во Катар да побегне од популарноста
- Детали
- недела, 19 ноември 2023
Пејачката Тамара Милановиќ стана позната во целиот регион со своето појавување во музичкиот натпревар „Х-фактор“ во 2013 година. Таа го расплака жирито уште со првиот настап, кога ја испеа песната „Don’t You Remember“ од Адел. Се сеќавате ли на девојката со мил поглед и продорни сини очи?
Тамара Милановиќ преку ноќ, од непозната девојка, стана миленичка на целиот регион, но и сон на многу мажи.
Иако беше и еден од фаворитите за победа во шоуто „Х-фактор“, таа година во музичкото натпреварување победи Даниел Кајмакоски.
До крајот на шоуто се покажа и дека Тамара подобро изгледа, отколку што пее.
Но, поради нејзиниот кроток поглед и продорните сини очи, нејзината популарност растеше од ден на ден.
Многу години подоцна, Тамара призна дека по ова неверојатно искуство, ѝ требала пауза од музиката и да побегне од популарноста, за да се пронајде себеси.
Во тоа време се сели во Доха, Катар каде што почнува да работи во агенција за таленти, а подоцна работела и на разни проекти и настани како организатор. Но, се пробала и во светот на манекенството.
Пред да се врати во Србија, Тамара го запознава германскиот композитор Марсел Шпрункел. Тие почнуваат да соработуваат и во 2019 година Тамара ја пее нивната заедничка песна „Reči nisu dovoljne“ на „Беовизија“.
Во текот на летото истата година, потпишува договор за продукцијата „Honey Money Gang“, со што ѝ официјално ѝ се враќа на музиката.
Новата кариера официјално ја започна со синглот „Indigo“, а потоа следуваа „Imala“ и „Zbog tebe“.