Тврди дека никогаш не направила корекции - Колку се промени Милица Павловиќ од почетокот на кариерата?
- Детали
- сабота, 11 ноември 2023
„Никој не ми верува кога ќе кажам дека не сум ги оперирала градите. Луѓето мислат дека лажам“ – изјави во една пригода Милица Павловиќ. Погледнете колку се промени пејачката од почетокот на кариерата и во кои услови таа планира да направи пластични операции?
Милица Павловиќ денес важи за една од најзгодните и најатрактивни пејачки на српската музичка сцена.
Славата ја стекна во 2011-та година кога се појави во шоуто за таленти „Ѕвездите на Гранд“, а тврди дека никогаш во животот не направила ниту една естетска корекција.
Честопати во српските медиуми осамнуваат написи дека Милица направила операција на носот, на образите, но и на градите, но таа ги негира овие тврдења.
Пејачката вели дека фотките од почетокот на нејзината кариера само потврдуваат дека никогаш не била „под нож“.
Најчесто коментарите кога ќе се споредат нејзините фотографии од почетокот на кариерата и сега се дека пејачката сигурно направила некакви корекции на носот, но таа негира.
„Никој не ми верува кога ќе кажам дека не сум ги оперирала градите. Луѓето мислат дека лажам, но навистина не сум го направила тоа.
Немам ништо против естетските зафати, ниту против девојките што тоа го сакаат. Но, засега не размислувам за тоа и се трудам да го негувам природниот изглед“ – изјави таа во една пригода.
Милица вели дека сите недостатоци на лицето ги прикрива со помош на шминка, но дека и таа има денови кога не ѝ се допаѓа како изгледа, но тоа се фази што бргу поминуваат.
Во друга пригода, Милица, рече дека смета дека добриот задник и виткото тело може да се добијат со тренинг, но не ја исклучува можноста во иднина сепак да се обиде со пластични операции да го поправи сопствениот изглед.