Девојката на Милош Биковиќ објави фотка со труднички стомак во осмиот месец од бременоста - Актерот ја третира како кралица
- Детали
- вторник, 31 октомври 2023
Ивана Малиќ, девојката на познатиот српски актер Милош Биковиќ објави Инстаграм стори на кое гордо позира со трудничкиот стомак во 8-иот месец од бременоста. Фотката е објавена само неколку дена откако таа не присуствуваше на премиерата на неговиот најнов филм, „Чувари формуле“.
Милош Биковиќ деновиве има многу работи со коишто може да се пофали. Тој е во трка за руски „Оскар“, а е номиниран за наградата најдобар актер за улогата во филмот „Предизвик“, кој ја имаше својата премиера и во Скопје, во мај годинава.
Исто така, пред само неколку дена во Белград премиерно беше прикажан неговиот филм „Чувари формуле“ во режија на Драган Бјелогрлиќ, но она што беше особено интересно е тоа што на премиерата актерот дојде сам, односно без својата поубава половина.
Девојката на Биковиќ, Ивана Малиќ одлучи да ги изненади своите следбеници, па на својот Инстаграм профил објави фотографија од удобноста на својот дом, каде позира во тесен фустан и го покажа трудничкиот стомак во осмиот месец од бременоста.
На фотографијата таа напиша: „Расте“.
Пред извесен период и колешката на Милош Биковиќ Јелисавета Орешанин, објави фотка на Инстаграм на која се гледа дека уживале во вечер помината со пријателите, а на неа позираат и Милош и бремената Ивана.
Српските медиуми пишуваат дека актерот откако дознал дека неговата девојка е бремена максимално се посветил на девојката, па ја гледа како кралица ѝ ги исполнува сите желби и се труди да биде упатен во секој детаљ од бременоста.
Дополнително, ако целото лето го поминаа во патувања и одмори, сега во последните месеци од бременоста тие планираат да останат во Белград, каде се сконцентрирани на уредување на животниот простор и го очекуваат доаѓањето на нивниот син.
Инаку, за потсетување Милош Биковиќ и Ивана Малиќ долго време ги криеја вестите за тоа дека наскоро ќе станат родители, а во една своја објва на Инстаграм, Биковиќ ги замоли медиумите и новинарите да ја почитуваат нивната одлука и интегритетот на нивниот приватен живот.
„Среќни сме што наскоро ќе станеме родители. Ова е важен, веројатно најважен момент во нашите животи.
Не сакавме да откриваме за тоа досега, но папараците нѐ доведоа во ситуација во која немаме избор.
Ви благодариме на сите на убавите зборови и честитките и ги замолуваме медиумите и новинарите да ја почитуваат нашата одлука и интегритетот на нашиот приватен живот. Кога ќе сакаме да разговараме на таа тема, секако ќе ве контактираме“ – напиша тој.
Б. С. Б. | Црнобело