Ја обвинуваат за разводот на Анѓелка Прпиќ, заврши во психијатриска установа – Каде е и што прави Ава Карабатиќ по скандалите?
- Детали
- сабота, 30 септември 2023
„Последната година ми беше мошне тешко, признавам, но сега сум како нова и сакам луѓето поинаку да ме перципираат“ – изјави Ава Карабатиќ, која откри дека повеќе од два месеци била во психијаттриска установа на лекување од алкохолизам.
Во изминатите неколку месеци во српските медиуми големо внимание привлекуваше актерката Анѓелка Прпиќ, која по разводот од сопругот Дарио Прпиќ остана бремена од негов најдобар другар, а потоа и се омажи за него.
Додека многумина полемизираа за тоа дали е во ред или не што таа одлучила да го продолжи животот со најдобриот другар на Дарио, други пак напоменуваа дека Дарио е тој што прв ја изневери Анѓелка и тоа со хрватската старлета Ава Карабатиќ.
Додека Анѓелка во моментов е среќна со својот нов сопруг, за кого се омажи во тајност и со кого доби дете во мај, додека пак жената која се смета дека е главна виновничка за распадот на нејзиниот прв брак Ава Карабатиќ на свој начин се справува со сопствените проблеми.
Ава неодамна даде интервју за хрватските медиуми, каде раскажа што ѝ се случувало во последните неколку месеци, додека во српските медиуми не стивнуваа скандалите за човекот со кого имала афера.
Имено, Ава беше отсутна од јавноста подолго време, а сега откри дека била на лекување во психијатриска установа околу 2 и пол месеци, каде требало да се лекува од алкохолизам.
Таа вели дека воопшто не било лесно, но дека трудот што го вложила се исплати.
„Пред сѐ би нагласила дека голем број луѓе, а особено оние што се јавни личности вешто се кријат и не го признаваат проблемот.
Јас, во јавноста сум 15 години, без разлика на тоа дали е во позитивна или во негативна смисла.
Во последната една година сѐ ми падна во вода и бев на дното. Ми се случија некои проблеми и затоа одлучив да побарам помош“ – вели Ава, која пред само неколку дена се врати во својот роден Сплит.