Цеца го прослави 50-иот роденден - зетот Гудељ ѝ упати емотивна порака, Анастасија си замина од Србија (фото+видео)

Ден пред јубилејниот роденден на Цеца, Анастасија си замина од семејниот дом, облечена во црно, а фолк-дивата која ја откажа прославата во домот заради семејната трагедија што им се случи неодамна, доби вистинско изненадување од своите фанови – 50 евра на шега.

ceca-go-proslavi-50-iot-rodenden-fanovite-ja-prechekaa-na-bel-kilim-zetot-gudelj-i-upati-emotivna-poraka-foto-video-01.jpg

Фолк дивата Цеца Ражнатовиќ вчера (14.06) го прослави 50-иот роденден, а голем број нејзини познаници и пријатели упатија честитки на нејзиниот Инстаграм профил.

ceca-go-proslavi-50-iot-rodenden-fanovite-ja-prechekaa-na-bel-kilim-zetot-gudelj-i-upati-emotivna-poraka-foto-video-02.jpg

Ден пред роденденот на Цеца, ќерка ѝ Анастасија од папараците беше снимена на аеродромот „Никола Тесла“, како си заминува од Србија и најверојатно оди на одмор со Немања.

ceca-go-proslavi-50-iot-rodenden-fanovite-ja-prechekaa-na-bel-kilim-zetot-gudelj-i-upati-emotivna-poraka-foto-video-03.jpgфото: YouTube - принтскрин

Анастасија беше облечена целосно во црно, лицето го скри со големи очила, а откако возачот ја остави, таа тргна на патување сосема сама.

ceca-go-proslavi-50-iot-rodenden-fanovite-ja-prechekaa-na-bel-kilim-zetot-gudelj-i-upati-emotivna-poraka-foto-video-04.jpgфото: YouTube - принтскрин

Претходно Цеца ја откажа прославата на роденденот заради трагедијата во семејството, кога нејзината ќерка го загуби бебето во петтиот месец од бременоста, но доби вистинско изненадување од своите фанови кои не ја заборавија и го одбележаа нејзиниот роденден.

Зад нејзината семејна вила фановите подготвија бел килим и аранжмани со цвеќиња и балони, а Цеца која дојде заедно со внукот Жељко беше многу изненадена од убавиот гест и од обожавателите кои го одбележаа роденденот со кој таа и официјално влезе во шестата деценија од животот.

Цеца од редакцијата на Telegraf.rs доби букет со 51 ружа и 50 евра во коверт, со порака во која ѝ напишаа:

„50 гледаш дека не е многу“.

Покрај големиот број познати и пријатели што ѝ го честитаа роденденот, честитки упати и партнерот на Анастасија, Немања Гудељ, кој на Инстаграм Стори објави заедничка фотографија на која тие двајца се прегрнуваат и на неа напиша:

„Среќен роденден на оваа извонредна жена, мојата Цециии!“

ceca-go-proslavi-50-iot-rodenden-fanovite-ja-prechekaa-na-bel-kilim-zetot-gudelj-i-upati-emotivna-poraka-foto-video-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Swarovski ѓердан од 550 евра – Колку чини стајлингот на Цеца во спотот за дуетот со Жељко Јоксимовиќ... Дури и кога се појавува во скромни аутфити, Цеца знае изгледот да го надополни с...
Љубовната приказна на Цеца и Аркан - Првпат го видела на фотографија во Playboy, го убија во нејзина... „Кажав дека ќе се мажам за Жељко, а мајка ми рече: ‘За Шашиќ? Одлично, тој е пре...
„Бил украден од мртва девојка?“: Мистеријата за дијамантскиот ѓердан на Цеца И по 30 години, Цеца се труди да докаже дека морбидните приказни за ѓерданот што...
На 86 години, Гркинката Анастасија едреше на даска од Кефалонија до Закинтос (фото) Анастасија од Грција има 86 години, но возраста не ја спречува да се посвети на ...
Бившиот на Цеца очекува бебе со некогашната Мис Србија – се венчаа неодамна, таа е во добар однос со... Со фотка на која ѝ го бакнува трудничкото стомаче и ехо снимка, Богдан Срејовиќ ...
„Бог да ни ја чува љубовта“ – Анастасија и Немања Гудељ прославија 1 година брак „Нека Бог ни ги заштити нашата љубов и бракот до крајот на нашите животи“ – пора...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg