Анастасија Ражнатовиќ го загуби бебето - Немања Гудељ скршен од болка ги сподели тажните вести на Инстаграм

„Ова е мошне болен миг за нас, но нашата љубов ќе го победи и ова“ – партнерот на Анастасија Ражнатовиќ, Немања Гудељ на социјалните мрежи сподели дека тој и Анастасија го загубиле бебето.

anastasija-razhnatovikj-go-zagubi-bebeto-nemanja-gudelj-skrshen-od-bolka-gi-spodeli-tazhnite-vesti-na-instagram-01.jpg

Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, го загуби бебето, а тажните вести на социјалните мрежи ги сподели нејзиниот партнер, со кого живее заедно во Шпанија, Немања Гудељ.

„Ги споделивме со вас убавите вести и вие бевте со нас со целото срце, со честитките и пораките. Ви благодарам за тоа.

За жал, сега имаме лоши вести, но знаеме дека ќе ја имаме вашата поддршка и разбирање дека за тоа не сакаме да зборуваме.

Многу жалиме што јас и Анастасија го загубивме нашето бебе. Ова е мошне болен миг за нас, но нашата љубов ќе го победи и ова“ – напиша фудбалерот на својот Инстаграм профил.

anastasija-razhnatovikj-go-zagubi-bebeto-nemanja-gudelj-skrshen-od-bolka-gi-spodeli-tazhnite-vesti-na-instagram-03_copy.jpg

По тажните вести, Анастасија го деактивира својот профил на Инстаграм и целосно се повлече.

anastasija-razhnatovikj-go-zagubi-bebeto-nemanja-gudelj-skrshen-od-bolka-gi-spodeli-tazhnite-vesti-na-instagram-05.jpg

Инаку, кон крајот на април, во реалното шоу „Цеца и деца“ беше откриено дека Анастасија и Немања го очекуваат своето прво дете и открија дека чекаат ќерка.

Српските медиуми пишуваа дека парот веќе ја организира церемонијата во која ќе стапат во брак, а само пред една седмица пејачката го прослави својот 25-ти роденден и партнерот ја изненади со балони и кадифени играчки.

anastasija-razhnatovikj-go-zagubi-bebeto-nemanja-gudelj-skrshen-od-bolka-gi-spodeli-tazhnite-vesti-na-instagram-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На 86 години, Гркинката Анастасија едреше на даска од Кефалонија до Закинтос (фото) Анастасија од Грција има 86 години, но возраста не ја спречува да се посвети на ...
„Бог да ни ја чува љубовта“ – Анастасија и Немања Гудељ прославија 1 година брак „Нека Бог ни ги заштити нашата љубов и бракот до крајот на нашите животи“ – пора...
Петар Грашо го откри полот на бебето што го очекува – Дали пак ќе му го даде името што го планирал с... Пред извесен период хрватскиот пејач Петар Грашо, откри дека неговата сопруга Ха...
Србинка во 8-иот месец од бременоста критикувана за малиот стомак: „Се здебелив само 3kg и не, не ѕи... „Бебето ми тежи близу 2kg и не не сакам да родам бебе од 1.5kg само заради убави...
15 години по разводот, Анабела Атијас и Гаги Џогани пак се во пријателски односи: „Децата нè зближиј... Го обвинуваше за насилство и неверство, па се разведоа… Во првите години по разв...
Трипати се мажела, на сопругот му признала дека е вљубена во друг - Бурниот љубовен живот на актерка... Додека ја снимала „Bolji život“, го изневерила првиот сопруг. Светлана зад ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg