Немања Гудељ ја посвети победата на загубената ќерка, Анастасија плаче во публика (фото+видео)
- Детали
- четврток, 01 јуни 2023
Со насмевка на лицето, упати бакнеж и покажа со прстот кон небото. На овој начин фудбалерот Немања Гудељ ѝ оддаде почит на прерано загубената ќеркичка, откако пред само неколку дена соопшти дека неговата партнерка Анастасија Ражнатовиќ го загубила детето. Се појави и прва видео снимка од младата пејачка како неутешно плаче на трибините од измешани емоции, по немилиот настан...
Само неколку дена откако објави дека со Анастасија Ражнатовиќ го загубиле бебето, фудбалерот Немања Гудељ на Инстаграм Стори објави кратко видео во кое последната победа на неговиот фудбалски клуб Севиља ја посвети на предвреме загубената ќеркичка.
Со насмевка на лицето и со бакнеж, партнерот на Анастасија Ражнатовиќ, Немања Гудељ покажа со прстот кон небото и ѝ оддаде почит на предвреме загубената ќеркичка.
„За неа, за нив, за тебе!“ – напиша тој на видеото.
Неговиот возач Рашид исто така сподели уште едно кратко видео на кое се гледа дека тој и Анастасија од трибините го следеле натпреварот и со солзи во очите ја дочекале победата на клубот на Немања.
https://www.instagram.com/reel/Cs7L2QMID2X/
Ова е прва пригода јавноста да ја види Анастасија, по веста дека таа и Немања го загубија бебето.
Според српски Blic.rs ќерката на Цеца Ражнатовиќ од Будимпешта ќе се врати во Србија, затоа што постапката за добивање документи во Шпанија е веќе готова, а по загубата на бебето таа сака да биде со најблиските.
Б. С. Б. | Црнобело