Анастасија и Немања Гудељ со емотивни пораки одбележаа 2 години врска: „Ти благодарам што ме сакаш“

Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија и нејзиниот сопруг прославија 2 години врска. Тие двајца објавија фотки на нивните Инстаграм профили, со кои го одбележаа важниот датум во нивните животи. Инаку, во изминатиот период се шират гласини дека убавата пејачка повторно е бремена.

anastasija-i-nemanja-gudelj-so-emotivni-poraki-odbelezhaa-2-godini-vrska-ti-blagodaram-shto-me-sakash-01.jpg

Анастасија и Немања Гудељ објавија фотка на Инстаграм Стори на која позираат со неколку црвени балони во форма на срце, со цел да одбележат 2 години откако ја започнале нивната врска.

anastasija-i-nemanja-gudelj-so-emotivni-poraki-odbelezhaa-2-godini-vrska-ti-blagodaram-shto-me-sakash-02_copy.jpg

Тие објавија уште неколку фотки на Инстаграм, каде што си упатија емотивни пораки еден до друг.

„2 години со најдобриот сопруг на светот! Не можам да опишам со зборови колку те сакам. Ти благодарам што ме сакаш и што ме правиш среќна секој ден! Твоја засекогаш“ – му порача Анастасија на Немања.

anastasija-i-nemanja-gudelj-so-emotivni-poraki-odbelezhaa-2-godini-vrska-ti-blagodaram-shto-me-sakash-04.jpg

Нејзиниот сопруг, пак, објави слична фотографија на која ја бакнува во чело својата сопруга и до неа напиша:

„Две среќни години – имаме уште цел среќен живот пред нас! Среќна годишнина бубишка! Ти благодарам што си најдобра сопруга на светот!“

anastasija-i-nemanja-gudelj-so-emotivni-poraki-odbelezhaa-2-godini-vrska-ti-blagodaram-shto-me-sakash-03.jpg

За потсетување, Анастасија и Немања се венчаа во тајност во август минатата година, откако претходно беа година и пол во врска.

Парот имаше тежок период во мај минатата година, кога Анастасија го загуби бебето во петтиот месец од бременоста, а на социјалните мрежи не стивнуваат коментарите дека веројатно пејачката повторно е во блажена состојба.

anastasija-i-nemanja-gudelj-so-emotivni-poraki-odbelezhaa-2-godini-vrska-ti-blagodaram-shto-me-sakash-05.jpg

Гласините зпаочнаа кога за 8 Март, Немања објави една фотографија на која Анастасија позираше заедно со мајката и сестрата на нејзиниот сопруг.

Освен што на сите им беше јасно дека успеала да го подобри односот со свекрвата и золвата, дел од нивните следбеници коментираат дека Анастасија повторно им изгледа дека е бремена.

„Анастасија е преубава, ми делува како да е бремена“ – стои во еден од коментарите до фотката.

Засега парот не ги потврдува ваквите информации, иако во голем број од српските медиуми се шират гласини дека е можно тие двајца наскоро да станат родители.

Прочитајте и Му пресадиле 4.700 влакна – Немања Гудељ за првпат покажа колку му била опадната косата пред трансплантацијата

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бејби бум: 6 познати жени кај нас и во регионот кои ќе станат мајки во 2024 Сања Кужет, Тамара Чуприна, Хана Хуљиќ ќе станат мајки до крајот на оваа година....
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Врска со Милена Радуловиќ, докторка му роди ќерка – Бурниот љубовен живот на актерот Радован Вујовиќ За Радован Вујовиќ велат дека е голем заводник кој беше во врска со три познати ...
„Бог да ни ја чува љубовта“ – Анастасија и Немања Гудељ прославија 1 година брак „Нека Бог ни ги заштити нашата љубов и бракот до крајот на нашите животи“ – пора...
На 86 години, Гркинката Анастасија едреше на даска од Кефалонија до Закинтос (фото) Анастасија од Грција има 86 години, но возраста не ја спречува да се посвети на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg