Му пресадиле 4.700 влакна – Немања Гудељ за првпат покажа колку му била опадната косата пред трансплантацијата

„Која промена“ – коментираат следбениците на Немања Гудељ откако тој ги покажа резултатите од трансплантацијата на коса. Како што напиша, нему му биле пресадени 4.700 влакненца за да му се покрие високото чело и делот без коса.

mu-presadile-4-700-vlakna-nemanja-gudelj-za-prvpat-pokazha-kolku-mu-bila-opadnata-kosata-pred-operacijata-01.jpg

Српскиот фудбалер и зет на пејачката Цеца Ражнатовиќ е пресреќен од резултатите по трансплантацијата на коса. Како што може да се види од фотките што ги објави, тој сега изгледа поразлично и веќе нема намера да ја крие косата со шапки, како што тоа го правеше во минатото.

Сопругот на Анастасија Ражнатовиќ во јуни минатата година беше на операција за пресадување коса. Сега, горд по промената, за првпат покажа фотографии од тоа колкав проблем имал со опаѓањето на косата во минатото.

mu-presadile-4-700-vlakna-nemanja-gudelj-za-prvpat-pokazha-kolku-mu-bila-opadnata-kosata-pred-operacijata-04.jpg

Тој на Инстаграм објави фотки на кои се видливи промените по 6 месеци од трансплантацијата, а како што напиша, му биле пресадени 4.700 влакненца.

„Пресреќен сум да ги споделам резултатите од мојата трансформација на косата. Резултатите се неверојатни“.

Инаку, Немања пресадувањето го направи во Турција, а забележително е дека во последниот период тој често се фотографира без шапката на глава, нешто што редовно го правеше во минатото.

mu-presadile-4-700-vlakna-nemanja-gudelj-za-prvpat-pokazha-kolku-mu-bila-opadnata-kosata-pred-operacijata-02.jpg

Откако ги објави фотографиите, тој доби голем број позитивни коментари на социјалните мрежи. Неговите следбеници го охрабрија и му потенцираа дека промената е веднаш видлива:

„Која промена!“;

„Секоја чест. Сега си нов човек“ – стои во дел од коментарите.

mu-presadile-4-700-vlakna-nemanja-gudelj-za-prvpat-pokazha-kolku-mu-bila-opadnata-kosata-pred-operacijata-05.jpg

Погледнете повеќе фотки од Немања во продолжение:

mu-presadile-4-700-vlakna-nemanja-gudelj-za-prvpat-pokazha-kolku-mu-bila-opadnata-kosata-pred-operacijata-03.jpg

mu-presadile-4-700-vlakna-nemanja-gudelj-za-prvpat-pokazha-kolku-mu-bila-opadnata-kosata-pred-operacijata-06.jpg

mu-presadile-4-700-vlakna-nemanja-gudelj-za-prvpat-pokazha-kolku-mu-bila-opadnata-kosata-pred-operacijata-07.jpg

mu-presadile-4-700-vlakna-nemanja-gudelj-za-prvpat-pokazha-kolku-mu-bila-opadnata-kosata-pred-operacijata-08.jpg

mu-presadile-4-700-vlakna-nemanja-gudelj-za-prvpat-pokazha-kolku-mu-bila-opadnata-kosata-pred-operacijata-09.jpg

mu-presadile-4-700-vlakna-nemanja-gudelj-za-prvpat-pokazha-kolku-mu-bila-opadnata-kosata-pred-operacijata-10.jpg

mu-presadile-4-700-vlakna-nemanja-gudelj-za-prvpat-pokazha-kolku-mu-bila-opadnata-kosata-pred-operacijata-11.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објави песна посветена на синот Марио: „Ја пишував додека сонував за него“ Само неколку дена откако стана мајка, Марија Шерифовиќ ја објави првата песна шт...
Марија Шерифовиќ покажа како изгледал патот со синот од САД до дома: „Најстресното искуство во мојот... „Засега сѐ оди лесно, но мора да кажам дека ова ми е најстресниот ден во животот...
Мајка ѝ не сакала да ѝ помогне, Цеца ѝ го плати лекувањето – Тажната приказна на Исидора Бјелица „Како да не ве боли кога мајка ви оди на одмор додека сте на хемотерапија, или а...
Вељко и Богдана добија трет син - ако имаат четврто, ќе им биде последно „Слава му на Бога. Ми се роди третиот син, Исаија“, напиша синот на Цеца на Инст...
15 години по разводот, Анабела Атијас и Гаги Џогани пак се во пријателски односи: „Децата нè зближиј... Го обвинуваше за насилство и неверство, па се разведоа… Во првите години по разв...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg