Никола Јокиќ, скромното момче од Србија кое стана најголема NBA ѕвезда, но семејството му е на прво место (фото+видео)
- Детали
- вторник, 13 јуни 2023
Никола Јокиќ вчеравечер (12.06) ја прослави титулата за најдобар кошаркар во NBA со ќерката Огњана и сопругата Наталија. Тој не ја испушташе од раце двегодишната ќерка, а потоа се фотографираше со трофејот и семејството и уште еднаш покажа дека тие две му се најважни во животот, но и најголема поддршка. Кој е Никола Јокиќ, скромното момче од Србија кој стана најголемата NBA ѕвезда?
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ издоминира во NBA финалето меѓу „Denver Nuggets“ и „Miami Heats“ и беше прогласен за најдобар играч во најсилната кошаркарска лига во светот. И покрај тоа што го нарекуват „тромав“ и го опишуват како „бавен“ и „не доволно подвижен“, тој постигна 30 поени, имаше 20 скока и 10 асистенции, нешто што не му успеа ни на легендарниот Вилт Чемберлен.
Она што секогаш ќе остане во сеќавање на кошаркарските фанови е сцената во која тој ја слави титулата – ја држи ќерката Огњена во прегратки, додека го бакнува брат му по главата, а целата сала во Денвер го извикува неговото име.
Јокиќ не ја испушташе од раце ќерката Огњана, која во септември ќе полни две години.
Откако заврши прославата на терен, го искористи моментот да се фотографира со трофејот со ќерката и сопругата, па уште еднаш покажа дека тие две му се најважни во животот и најголема поддршка.
Јокиќ е најголемиот херој на „Nuggets“ откако го доведе клубот до првата титула во историјата. И покрај тоа што публиката не можеше да ги скрие емоциите, а неговата сопруга беше најсреќна од сите, Јокиќ неколкупати изјави дека само сака да си оди дома.
„Не, јас навистина само сакам да одам дома“, изјави Јокиќ на прес конференцијата по освојувањето на шампионската титула.