Никола Јокиќ, скромното момче од Србија кое стана најголема NBA ѕвезда, но семејството му е на прво место (фото+видео)
На 19 години со репрезентацијата на Србија учествуваше на Светското првенство во Чешка и го освои среброто.
Во 2014 година почна да игра во NBA.
На драфтот го избра екипата „Denver Nuggets“, со која на 13 јуни 2023 ја освои првата шампионска титула во најсилнатa кошаркарска лига.
Во сезоната 2015/16 е прогласен за еден од најдобрите млади играчи во NBA.
На Олимпијадата во Рио во 2016 година со српската репрезентација освои сребро.
Во финалето Србија загуби од САД, а Јокиќ беше прогласен на MVP кошаркар на Олимписките игри.
Првиот трипл-дабл во кариерата го оствари на 3 февруари 2017 година против „Milwaukee Bucks“.
На 23 години Јокиќ стана третиот најмлад играч во NBA кој постигнал бројка од 20 трипл-дабл.
На 6 јануари 2020 година постигна 47 коша против „Atlanta Hawks“ и со тоа постави нов рекорд во кариерата, за најмногу дадени кошеви на еден натпревар.
Јокиќ го држи и рекордот за најбрз трипл-дабл во историјата на NBA, резултат кој го постигна по само 14 минути и 33 секунди на теренот.
Во 2022 година го сруши рекордот на Коби Брајант, откако постигна 34 поени во четвртата четвртина против „New Orleans“.
Брајант во 2007 година постигна 33 поени во четвртата четвртина.
Јокиќ е единствениот во NBA, покрај Вилт Чемберлен, кој има постигнато повеќе од 40 поени, 10 асистенции и скокови на еден натпревар.
Тоа му успеа на Чемберлејн во 1973 година.
Во мај 2023 постави нов рекорд, како прв центар кој даде преку 50 коша на еден натпревар. Тој постигна 53 поени и даде 11 асистенции.
Despite the loss, Jokic became the first center in NBA history with 50 pts and 10 ast in a playoff game ⚔️ pic.twitter.com/ZiGigVMsbz
— SportsCenter (@SportsCenter) May 8, 2023
Во последната сезона со „Denver“ (2022/23) Јокиќ постигна 600 поени, имаше 190 асистенции и 269 скокови – нов рекорд на еден играч во една сезона.
Со екипата на „Denver“ има договор до 2028 година.
А. Ј. | Црнобело