Никола Јокиќ, скромното момче од Србија кое стана најголема NBA ѕвезда, но семејството му е на прво место (фото+видео)
Кој е Никола Јокиќ, скромното момче од Србија, кое за само неколку години стана најуспешниот играч во НБА и ги сруши рекордите на Дражен Петровиќ, Вилт Чемберлен и Меџик Џонсон?
Роден е на 15 февруари 1995 година во Сомбор, Србија.
Неговата мајка е медицинска сестра, а татко му е земјоделски инженер. Има два постари браќа, Страхиња и Немања, кои исто така играат кошарка во Америка.
Сонот му бил да стане џокеј, но не можел да си го исполни поради висината и вишокот килограми.
Во Србија чува шест коњи, па откако новинарите по освојувањето на шампионската титула го прашаа што ќе прави следно, Јокиќ одговори дека ќе си оди дома во Сомбор и дека ќе купи уште еден коњ.
Тренирал карате и џудо, но на часовите по физичко секогаш мачел мака со гимнастиката и склековите. Причината за ова е што отсекогаш бил дебелко дете.
Дека бил буцкаст покажа и тој, кога на Инстаграм објави своја фотографија на која има вишок килограми.
„Шампион на NBA и MVP“, напиша на фотката.
Бидејќи татко му обожавал кошарка, во трето одделение Никола почнал да тренира за КК „Сомбор“.
Неговиот прв тренер го препознал потенцијалот на момчето и сметал дека може да ја достигне славата на Владе Дивац.
Од 2014 година е во врска со Наталија Маќешиќ.
Парот се венча во 2020 година, а во септември 2021 година се роди нивната ќерка Огњана.
Наталија му е најголема поддршка и го бодри Никола на секој натпревар.
Никола, кој е висок 211cm, а тежок 113kg, вели дека не би стигнал до ова ниво ако не се придружувал до рутината што си ја создал.
„Се будам во 7, а во 8 веќе сум на терен. Дневно тренирам околу 6 часа. Јадам на секои 3 часа, но престанав да пијам газирани пијалаци, па малку и ослабев“, рече тој во една пригода.
Во слободно време сака да гледа цртани филмови, серијата „Friends“ и да ги слуша песните од Ѓорѓе Балашевиќ.
Обожава животни, па освен коњите во Сомбор, има и куче, Бубица.
Има своја фондација, која до сега донираше скоро 2 милиони српски динари на спортските клубови во Сомбор.
Прекарот му е Џокер, исто како и на Новак Ѓоковиќ.
Никола и Новак се одлични пријатели и често се дружат кога се во исто време во Србија или во САД.