Моќна порака од хрватски психотерапевт: „Не е важно само жената да биде добра мајка, туку пред сè да биде психички добро“

„Не е важно што прави мајката, туку каква е состојбата на нејзиниот нервен систем, како таа се чувствува во себе. Ако таа е смирена, и бебето ќе биде мирно. Ако таа е во лоша состојба, кој ќе го смири тоа бебе?“, вели хрватскиот психотерапевт Томислав Куљиш за важноста на менталното здравје на мајката и испраќа моќна порака.

ne-e-vazhno-zhenata-da-bide-dobra-majka-tuku-da-bide-dobra-hrvatski-terapevt-za-vazhnosta-na-mentalnoto-zdravje-na-majkite-01.jpg

Томислав Куљиш од Хрватска е психотерапевт, автор и предавач. Тој се фокусира на менталното здравје на родителите, а има основано и центар со програма за родителство и правилен ментален развој на деца.

Во поткаст на српскиот магазин Zadovoljna, Томислав истакнува колку е важна психичката состојба на мајката и зошто не треба да се запоставува.

Според терапевтот, само кога мајката се чувствува добро, ќе може да се грижи за своето дете. Тој вели и дека улогата на таткото е да ѝ помогне во тоа.

Дел од советите на Томислав:

„Во родителството не е важно мајката да биде добра мајка, туку мајката таа да е добрo (да се чувствува добро психички). И, ако мајката е добрo, тогаш би требало и сè друго да биде добро.

Исто како кога ќе посадите растение во почва... Ако почвата е добра, и растението ќе биде добро. Ако е камен, залудно ќе правите што било со растението. Мајката, на некој начин, е почва за детето. Мора да биде топла и плодна.

И, ако сè е во ред со мајката, тогаш можеме да го направиме најдоброто за детето. Улогата на таткото е да ѝ помогне на мајката да биде добра.

ne-e-vazhno-zhenata-da-bide-dobra-majka-tuku-da-bide-dobra-hrvatski-terapevt-za-vazhnosta-na-mentalnoto-zdravje-na-majkite-02.jpg

Меѓутоа, со сето ова што го кажав, свесен сум дека се создава притисок врз мајката. Нормално дека нема да биде добра – и породување, и девет месеци кои можеби биле тешка бременост. И можеби депресија, и детето не спие, веќе со месеци не заспива нормално…

Ова е период со многу предизвици за мајката. И, секогаш пробувам да нагласам – мајките се како маските со кислород во авион. Мора да се погрижам прво јас да бидам добро, и тоа е првиот чекор. Па, макар и на извесен период да се оттргнам од детето, само за да дојдам на себе.

Ако мајката е добро, детето покрај неа ќе се смири, детето покрај неа ќе заспие и ќе спие и нема да плаче.

Често имам ситуации каде што мајката се жали, а детето плаче цело време, а тоа трае со месеци. И, ја прашувам: „Како си ти?“, ми вели: „Јас сум веќе луда“.

ne-e-vazhno-zhenata-da-bide-dobra-majka-tuku-da-bide-dobra-hrvatski-terapevt-za-vazhnosta-na-mentalnoto-zdravje-na-majkite-03.jpg

Нејзиниот систем е растреперен.

Само замислете вие, како возрасна личност, да сте цела вечер со некој во ваква состојба, цела ноќ да лежите покрај личност која трепери. Па, нема да можете да бидете добри.

А, детето е систем кој нема никакво саморегулирање или е минимално. Детето мора да се регулира преку организмот на мајката.

Овде не е важно што прави мајката, туку каква е состојбата на нејзиниот нервен систем, како таа се чувствува во себе.

Кога мајката е смирена, бебето ќе биде мирно. Кога мајката е во лоша состојба, кој ќе го смири тоа бебе?“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg