Се скара со другарка за да биде со него, а по само 8 месеци брак се разведува – Турската актерка Демет Оздемир повторно е сингл

Таа беше другарка на неговата поранешна девојка и се верува дека го „украла“ од неа. По само 8 месеци брак се разведува од сопругот, заради расправија по роденденската забава – убавата актерка Демет Оздемир става крај на бракот со колегата Озхан Коч.

se-skara-so-drugarka-za-da-bide-vo-vrska-so-nego-a-po-samo-8-meseci-brak-se-razveduva-turskata-akterka-demet-ozdemir-povtorno-e-singl-01.jpg

Демет Оздемир во моментов важи за една од најсексапилните турски актерки, која глуми во голем број турски серии, но и во турскиот филм што се емитува на Нетфликс, Ask Taktikleri.

se-skara-so-drugarka-za-da-bide-vo-vrska-so-nego-a-po-samo-8-meseci-brak-se-razveduva-turskata-akterka-demet-ozdemir-povtorno-e-singl-02.jpg

Таа беше во брак со познатиот турски актер Озхан Коч само 8 месеци, а наводно причините за развод се бизарни.

se-skara-so-drugarka-za-da-bide-vo-vrska-so-nego-a-po-samo-8-meseci-brak-se-razveduva-turskata-akterka-demet-ozdemir-povtorno-e-singl-05.jpg

Турските медиуми го пренесуваат соопштението на убавата турска актерка Демет Оздемир со кое таа најавува дека по неполна година брак, одлучила да се разведе од сопругот Озхан Коч.

„Вистина е дека не успеавме да го одржиме бракот подолго време и дека одлучивме да ставиме крај.

Знаеме дека оваа одлука што ја донесовме со заемна почит и разбирање ќе влијае и врз нашите семејства и постарите.

Даваме сѐ од себе да го завршиме овој процес и притоа да имаме почит кон нашите семејства.

Ве молиме да ја почитувате нашата одлука“ – стои во соопштението.

se-skara-so-drugarka-za-da-bide-vo-vrska-so-nego-a-po-samo-8-meseci-brak-se-razveduva-turskata-akterka-demet-ozdemir-povtorno-e-singl-03.jpg

Според блиски извори до парот кој направи свадба во август минатата година, само 1 до 2 месецa откако стапиле во брак, Демет и Озхан имале проблеми и чести расправии, но на разводот му претходела бизарна расправија.

Озхан ја налутил Демет со тоа што организирал роденденска забава за нејзиниот роденден (26.02), а таа не сакала да слави во време кога нејзината земја беше потресена заради случувањата со катастрофалниот земјотрес.

se-skara-so-drugarka-za-da-bide-vo-vrska-so-nego-a-po-samo-8-meseci-brak-se-razveduva-turskata-akterka-demet-ozdemir-povtorno-e-singl-07.jpg

Наводно, непримерното однесување на Озхан за време на забавата ја прелеало чашата и тие двајца се скарале, по што Озхан се преселил во домот на негов близок пријател.

Кога се појавија првите шпекулации за недоразбирањата во бракот, Озхан даде кратка изјава и рече дека и тие како и сите останати брачни парови имаат недоразбирања.

se-skara-so-drugarka-za-da-bide-vo-vrska-so-nego-a-po-samo-8-meseci-brak-se-razveduva-turskata-akterka-demet-ozdemir-povtorno-e-singl-06.jpg

Инаку, Демет и Озхан беа заедно од 2019-та година, а на почетокот на врската привлекуваа внимание затоа што Демет претходно била другарка со поранешната девојка на Озхан и се веруваше дека таа ѝ го украла дечкото.

se-skara-so-drugarka-za-da-bide-vo-vrska-so-nego-a-po-samo-8-meseci-brak-se-razveduva-turskata-akterka-demet-ozdemir-povtorno-e-singl-10.jpg

Претходно Демет често излегувала заедно со Озхан и неговата тогашна девојка Јамур Танрисевсин, а откако парот бил фотографиран во хотел заедно за Нова година, конечно ја признаа врската и потврдија дека се заедно подолго време.

Прочитајте и Бившиот сопруг на Емина Јаховиќ ја направи славна, ѝ го украла дечкото на најдобра другарка – Што знаеме за турската актерка Демет Оздемир?

se-skara-so-drugarka-za-da-bide-vo-vrska-so-nego-a-po-samo-8-meseci-brak-se-razveduva-turskata-akterka-demet-ozdemir-povtorno-e-singl-11.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Глумеше во серија која доби Еми награда: Каде е денес Дениз од „Кога лисјата паѓаат“? Убавата турска актерка ги освои срцата на нашата публиката со улогите во сериите...
Му предложила брак на сопругот, по 1 година се развеле – Што знаеме за турската актерка Гозде Џигаџи... „Фала Богу – се разведов!“ Ова беше првата изјава што турската актерка Гозде Џиг...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Чистел тоалети, спиел на паркинг, не го познавал турскиот јазик – Како Керем Бурсин стана еден од на... Татко му не сакал да му дозволи да студира глума, затоа што стравувал дека ќе гл...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg