Бившиот сопруг на Емина Јаховиќ ја направи славна, ѝ го украла дечкото на најдобра другарка – Што знаеме за турската актерка Демет Оздемир?
- Детали
- недела, 05 март 2023
Ја поврзуваа со згодниот турски актер Џан Јаман со кого заедно играше во хит серијата „Романтичарот“, беше вплеткана во скандал кога на другарка ѝ го украде дечкото и се омажи за него – Што знаеме за Демет Оздемир, згодната турска актерка која игра во филмот Love Tactics што се емитува на Нетфликс?
На љубителите на романтични комедии сигурно ќе им се допадне турскиот филм Love Tactics што се емитува на Нетфликс.
Филм што по малку потсетува на познатите холивудски романтични комедии, исполнет со смешни ситуации и настани – ќе ве насмее и ќе ви ја врати надежта дека вистинската љубов навистина постои.
Што знаеме за убавата турска актерка Демет Оздемир?
Демет Оздемир е една од најпознатите турски актерки во моментов, која ја толкува и главната улога во турскиот филм Love Tactics кој минатата година беше хит на Нетфликс.
Демет е позната турска танчарка, актерка и модел, а во последните неколку години привлекува внимание како со актерската кариера, така и со бракот со познатиот турски актер и музичар Озхан Коч.
Демет Оздемир е родена во 1992-ра година во Кочаели, како најмала од три деца. Нејзината баба е со бугарско потекло, а кога нејзините родители се разделиле во 2000-та година, таа се преселила во Истанбул заедно со мајка ѝ и со сестра ѝ.
Таа вели дека во годините додека растела воопшто не го видела својот татко, а според неа, не било прашањето за тоа дали ги сакал или ги мразел, туку едноставно, тој бил мошне тврдоглав.