Паѓа на згодни колеги, зад себе има 2 брака – Што знаеме за турската актерка Бирџе Алкалај?
- Детали
- недела, 03 ноември 2024
Бирџе важи за природна убавица, а нејзиниот бурен љубовен живот секогаш бил предмет на интерес. Зад себе има два брака со двајца колеги, а сега по третпат е во врска со згоден турски актер со кого заедно снимаа серија. Што знаеме за убавата турска актерка?
Бирџе Алкалај е турска актерка која важи за природна убавица, која глуми и во турската серија која се емитува на Нетфликс, а е насловена Graveyard.
Бирџе во серијата ја толкува улогата на детективката Онем, која води посебна единица чијашто задача е да ги реши тешките случаи со насилство врз жените.
Претходно Бирџе играла и во сериите „Малиот Ага“, „Аси“ но и во многу други.
Што знаеме за убавата турска актерка?
Бирџе е родена во Истанбул во 1984-та година каде го завршила средното и високото образование во областа на театарската уметност.
Мајка ѝ била домаќинка, додека татко ѝ бил сервисер за бела техника, клима уреди и вентилација. Како што вели, нејзините родители од најмала возраст го почитувале нејзиното мислење.
Како дете сакала да биде балерина, но заради повредата што ја претрпела на 16 години морала да се откаже од танцот, по што се преориентирала на театарот.
Вели дека повредата е толку сериозна заради што и до ден-денес мора да внимава како оди и не смее да се занимава со интензивни физички активности.
Уште како дете сите ѝ велеле дека е убава и треба да се пријави на избори за убавина, но родителите ја советувале дека училиштето е најважно. Но, сепак во периодот додека правела пауза на факултет, одлучила дека сака да се пријави на избор за Мис.
Во 2004-та година била избрана за трета придружничка на изборот за Мис на Турција и ја претставувала својата земја на изборот за Мис Европа, каде се пласирала во полуфиналето.