Огњен Амиџиќ пред да потврди дека е во врска со 20 години помладата колешка: „Се надевам дека пак ќе се оженам“

„Апсолутно се гледам себеси како оженет човек“ – рече Огњен Амиџиќ, непосредно пред да биде откриено дека тој е во врска со 20 години помладата колешка Мина Наумовиќ. Мина, пак, уште за Нова година имала објави на социјалните мрежи со кои навестувала дека е во врска со колегата. Како се родила љубовта меѓу Огњен Амиџиќ и неговата колешка?

ognjen-amidjikj-pred-da-potvrdi-deka-e-vo-vrska-so-20-godini-pomladata-koleshka-se-nadevam-deka-pak-kje-se-ozhenam-01.jpg

Српскиот водител и актер Огњен Амиџиќ по разводот со убавата манекенка со македонско потекло Данијела Димитровска, повторно е вљубен, а веста за неговата врска со 20 години помладата колешка Мина Наумовиќ не престанува да ја интригира јавноста.

ognjen-amidjikj-potvrdi-deka-e-vo-vrska-so-20-godini-pomladata-koleshka-imam-visoki-kriteriumi-mojata-devojka-mora-da-ima-s-13.jpgфото: YouTube - принтскрин

Самиот Огњен за српските медиуми ги потврди вестите дека е во врска со сексапилната колешка која води сегмент во неговата емисија „Амиџи шоу“, а дел од српските медиуми повикувајќи се на извори блиски до парот пишуваат како тие двајца ја започнале врската.

ognjen-amidjikj-potvrdi-deka-e-vo-vrska-so-20-godini-pomladata-koleshka-imam-visoki-kriteriumi-mojata-devojka-mora-da-ima-s-03.jpg

Според пишувањата во српски Kurir, тие двајцата се запознале преку заеднички пријатели, но на почетокот биле само познаници.

По разводот со Данијела во јули минатата година, Огњен и Мина почнале поинтензивно да се дружат, но брзо сфатиле дека меѓу нив постои нешто повеќе од пријателство.

ognjen-amidjikj-potvrdi-deka-e-vo-vrska-so-20-godini-pomladata-koleshka-imam-visoki-kriteriumi-mojata-devojka-mora-da-ima-s-05.jpg

По ова, Огњен ја поканил убавата девојка од Нови Сад да води еден сегмент во неговата емисија и таа веднаш прифатила, па од септември минатата година таа го води делот од емисијата што се вика „Пази мина“.

ognjen-amidjikj-potvrdi-deka-e-vo-vrska-so-20-godini-pomladata-koleshka-imam-visoki-kriteriumi-mojata-devojka-mora-da-ima-s-07.jpg

За Нова година, Мина објави фотографија на Инстаграм Стори, со која според многумина веќе навестила дека е во врска со водителот. Таа тогаш објави фотографија со елка на која напиша:

„Не ми треба Дедо Мраз, веќе седам во скутот на еден брадест маж и му кажувам што сакам“.

ognjen-amidjikj-potvrdi-deka-e-vo-vrska-so-20-godini-pomladata-koleshka-imam-visoki-kriteriumi-mojata-devojka-mora-da-ima-s-04.jpg

Сега откако е откриено дека таа и Огњен се заедно, дел од медиумите оваа нејзина објава ја сфатија како нејзин обид да ѝ најави на публиката дека е во врска со нејзиниот повозрасен колега, кој е препознатлив по брадата.

Српскиот водител и актер неодамна ги потврди вестите дека е во врска со убавата колешка, но рече дека нивен договор бил приватниот живот да го чуваат во тајност.

„Да, точно е. Ние сме во врска, но се договоривме нашата приватност да ја сочуваме за себеси и да не зборуваме за тоа“ – рече Огњен.

ognjen-amidjikj-potvrdi-deka-e-vo-vrska-so-20-godini-pomladata-koleshka-imam-visoki-kriteriumi-mojata-devojka-mora-da-ima-s-06.jpg

Дел од српските медиуми нѐ потсетуваат и на изјавата што Огњен ја даде по разводот со Данијела Димитровска, каде говореше за тоа каква треба да биде жената што сака да биде со него во врска, по двата неуспешни брака.

„Имам мошне високи критериуми, можеби тоа не е оправдано, но тоа е вистината. Мојата идна партнерка мора да има буквално сѐ“ – рече тој.

Огњен исто така, тогаш откри дека планира повторно да стапи во брак и дека не се откажува од љубовта.

„Апсолутно себеси се гледам како оженет човек“ – рече тој.

Погледнете уште неколку фотографии во продолжение:

ognjen-amidjikj-potvrdi-deka-e-vo-vrska-so-20-godini-pomladata-koleshka-imam-visoki-kriteriumi-mojata-devojka-mora-da-ima-s-08.jpg

ognjen-amidjikj-potvrdi-deka-e-vo-vrska-so-20-godini-pomladata-koleshka-imam-visoki-kriteriumi-mojata-devojka-mora-da-ima-s-10.jpg

ognjen-amidjikj-potvrdi-deka-e-vo-vrska-so-20-godini-pomladata-koleshka-imam-visoki-kriteriumi-mojata-devojka-mora-da-ima-s-12.jpg

ognjen-amidjikj-potvrdi-deka-e-vo-vrska-so-20-godini-pomladata-koleshka-imam-visoki-kriteriumi-mojata-devojka-mora-da-ima-s-11.jpg

Б. С. Б. | Црнобело / фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Огњен Амиџиќ тајно се венча со 20 години помладата девојка: „Сакав Мина да го носи моето презиме“ „Сакавме венчавката да биде без врева и тој чин да остане само за нас. Ние веќе ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg