Огњен Амиџиќ за првпат јавно за разводот од сопругата со македонско потекло: „Тешко го прифатив, учам да се снаоѓам“

„Јас никогаш не сум влегол во некоја приказна заради корист, на кој било начин. Секогаш сум бил искрен. Сѐ уште се привикнувам на новиот начин на живот“ – со овие зборови Огњен Амиџиќ го коментира разводот од неговата втора сопруга со македонско потекло Данијела Димитровска.

ognjen-amidjikj-za-prvpat-javno-za-razvodot-od-soprugata-so-makedonsko-poteklo-ne-vlegov-vo-brak-zaradi-korist-tuku-od-ljubov-01.jpg

Српскиот актер и ТВ водител Огњен Амиџиќ (47) за првпат јавно прозборе за разводот со убавата манекенка Данијела Димитровска (35).

Тие пред неколку месеци објавија дека се разведуваат, а во заедничкото соопштение рекоа дека за нивниот развод не е виновна трета личност.

Сега Огњен гостуваше во емисијата „На Терапија“ каде за првпат ја сподели својата страна, и без да навлегува во премногу детали, водителот појасни како емотивно се справува со новата етапа во неговиот живот.  

ognjen-amidjikj-za-prvpat-javno-za-razvodot-od-soprugata-so-makedonsko-poteklo-ne-vlegov-vo-brak-zaradi-korist-tuku-od-ljubov-02.jpg

Како што рече, тој бил мошне вљубен во Данијела, но и исто така чувствувал дека бил мошне сакан.

„Сѐ што сум направил во животот што било поврзано со емоциите, секогаш било од срце. Јас никогаш не сум влегол во некоја приказна заради корист, на кој било начин. Секогаш сум бил искрен. Секогаш моите емоции биле чисти.

Така сум воспитан, тоа доаѓа од домашното воспитување.

ognjen-amidjikj-za-prvpat-javno-za-razvodot-od-soprugata-so-makedonsko-poteklo-ne-vlegov-vo-brak-zaradi-korist-tuku-od-ljubov-04.jpg

Секоја љубов треба да биде „љубов заради љубов“. Љубов што се случува.

За моите бракови секогаш сум говорел малку. За себе секогаш можам да зборувам, а со сопругите секогаш сме се договарале за тие работи да не говориме во медиумите затоа што, секогаш, без разлика на тоа што зборува некој, може да се извлече некој наслов, да се креира некоја приказна.

Потоа настанува проблем, затоа што мојот син веќе постојано е на интернет, па потоа тој ќе го најде тоа и може да прочита нешто што нема да биде добро за него“ – вели Огњен.

ognjen-amidjikj-za-prvpat-javno-za-razvodot-od-soprugata-so-makedonsko-poteklo-ne-vlegov-vo-brak-zaradi-korist-tuku-od-ljubov-05.jpg

Огњен открива дека според него е најважно да постигне разбирање со поранешната сопруга, да постигнат договор. Како што вели сѐ уште се приспособува на начинот на живот по разводот.

„Поминував низ фази на прифаќања, размислување, премерување, рационализација, поставување на работите. Имав доста различни фази, но тежок сум со солзите.

ognjen-amidjikj-za-prvpat-javno-za-razvodot-od-soprugata-so-makedonsko-poteklo-ne-vlegov-vo-brak-zaradi-korist-tuku-od-ljubov-03.jpg

Имав подеми и падови во тие приказни и голем број разговори и сметам дека ова е период во којшто сѐ уште се приспособува на сѐ.

Нам најмногу ни помогна во таа приказна тоа што разговаравме и сфативме дека тоа е тоа: една етапа е готова, почнува друга етапа во која треба да се снајдеме.

Имаш прекрасно дете што треба и натаму да ја чувствува таа иста љубов“ – вели Огњен, пренесуваат српските портали.

ognjen-amidjikj-za-prvpat-javno-za-razvodot-od-soprugata-so-makedonsko-poteklo-ne-vlegov-vo-brak-zaradi-korist-tuku-od-ljubov-06.jpg

Инаку Огњен и Данијела беа во брак 10 години и заедно го имаат синот Матеј.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
„Не постои противотров за него“ – Турист во Грција почина откако беше каснат од кафеав пајак Местото каде што ве каснал кафеав пајак најчесто наликува на место зафатено со г...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Српски пејачи кои биле уапсени (и завршиле во притвор) Теа Таировиќ била фатена со непријавени пари, Раста со дрога, а Бора Чорба обива...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg