Нена М. Јорданов, доктор по естетска медицина: „Се боцкам и сама, највозрасната пациентка (70) ми побара зголемување на усни“
Вие изгледате како навистина негувана жена… Кои се вашите навики за убавина?
Освен што внимавам на исхраната – внесувам доволно вода, протеини, витамини и минерали и редовно практикувам физичка активност во теретана. Тоа многу ми помогна да изгледам витално и здраво на мои 33 години.
Од моите секојдневни навики за убавина би споменала редовното користење на SPF50 крем за заштита на кожата во текот на целата година и тоа што на лето не се изложувам на сонце како порано.
Користам само проверена шминка за лице (cruelty free, органска и без штетни хемикалии).
Мора да ја издвојам козметиката која во својот состав ја има хијалуронската киселина која ја содржи и која со секојдневно користење дава неверојатна хидратација, ја храни кожата и целата козметика (мицеларна вода за чистење, серум за хидратација, крем со заштитен фактор, 3Д балсам за усни итн.) е неизоставен дел од мојата секојдневна рутина.
Последниве години редовно во ординација го правам PRX-T33 безиглена биоревитализација неколку пати во една сезона. Тој е хемиски пилинг без лупење на кожата, дава одлично затегнување на кожата, сјај, чистина, измазнување на фините брчки итн.
Се боцкате ли сами? Колку е тешко тоа?
Да се боцкам сама и нормално е потешко, отколку кога ги боцкам пациентите.
Кои се трендовите на светско ниво кога станува збор за естетиката на женското лице?
Анџелина Џоли отсекогаш била и на предавања пример за симетрија и пропорции на женското лице.
Денешните трендови налагаат што поприродни резултати, рационално користење на филери и вложување во квалитетот на кожата со најразлични медицински помагала.
Тука мора да ги споменам ласерите кои секоја година заземаат сè поголем удел во нашата континуирана едукација, а пристигнаа и на нашите простори и повеќе не се иднината во естетиката, туку се сегашноста и со нив индикациите и техниките што можат да се работат се многубројни.
Дали понекогаш се претерува со овие процедури?
Да, понекогаш се претерува со овие процедури и се добива неприроден изглед.
Затоа тука се докторите да пристапат со совети кон пациентот за решавање на психолошкиот момент.
Сите сме убави на свој начин, кога сме исполнети внатре во нас и сме комплетни, тогаш зрачиме кон надвор и доаѓа вистинската убавина од нас.
Повеќе фотографии од д-р Нена М. Јорданов:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело