Нена М. Јорданов, доктор по естетска медицина: „Се боцкам и сама, највозрасната пациентка (70) ми побара зголемување на усни“

Која ви е најмлада, а која највозрасна пациентка за естетски процедури?

Најмлада пациентка ми е на 18-годишна возраст за зголемување на усните и нехируршка корекција на нос со хијалуронски филери.

Највозрасна пациентка на 70 година дојде за зголемување усни и хемиски пилинг за биоревитализација ПРХ-Т33.

nena-m-jordanov-doktor-po-estetska-medicina-se-bockam-i-sama-ne-mi-se-dopagja-koga-kje-se-pretera-so-botoks-i-fileri-07.jpeg

Доаѓаат ли мажи?

Да, мажите доаѓаат често и тоа за ботокс, мезотерапија на лице и ПРХ-Т33 безиглена биоревитализација.

nena-m-jordanov-doktor-po-estetska-medicina-se-bockam-i-sama-ne-mi-se-dopagja-koga-kje-se-pretera-so-botoks-i-fileri-13.jpeg

Пример за лош ботокс/филери во регионот/светот?

Лошо сработена е секоја интервенција која од далеку и лаик може да го препознае пациентот дека го има изменето својот личен опис.

Естетската медицина треба да го освежи изгледот, да изгледате одморено и витално. Добар во својата работа е тој доктор, кој го сработил случајот суптилно и само ги дополнил атрибутите кои пациентот ги имал.

Добро е сработен тој случај, кај кој никој не може да погоди што точно е работено.

Како пример не сакам да посочам одредена личност, туку одредени земји на пример, како што се Србија, потоа Англија или Турција каде што енормно и беспотребно се боцкаат филери и ботокси и сите тие го имаат оној изглед на вонземјанин со огромни јаболкници и напумпани усни, ботоксирани до максимум без ниедна фацијална експресија, за жал.

Нормално и кај нив има исклучоци на доктори кои извонредно суптилно и деликатно природно го работат тоа и сум сретнала некои од нив со кои многу знаења сме споделиле.

nena-m-jordanov-doktor-po-estetska-medicina-se-bockam-i-sama-ne-mi-se-dopagja-koga-kje-se-pretera-so-botoks-i-fileri-17.jpeg

Има ли штетни последици?

Најчесто штетни последици настануваат кога зема игла лице кое не е медицинско лице (филери и ботокс можат да аплицираат само сертифицирани доктори по општа медицина и стоматологија, дерматолози и пластични хирурзи).

Овие случаи се ретки, но ги има затоа што сè поголем е трендот да се изгледа негувано и убаво, па земаат да боцкаат лица кои воопшто немаат познавања од анатомија на човечкото тело, немаат познавања со медицински материјали и не ги знаат големите ризици кои си го носи сето тоа.

За филерите можам да кажам дека ако се несоодветно инјектирани (несоодветен материјал, лоша техника, нестерилни услови итн.) последици може да бидат прекин на крвоснабдувањето на соодветната регија, гранулации, инфекции, миграција на филерот итн.

Искусен доктор може да се справи со сите тие ако е навреме забележано.

Исто за ботоксот можам да напоменам дека исклучиво е важна анатомијата на лице и врат, несоодветно аплициран ботокс може да дифундира во соседна регија и да направи проблем.

Ефектот од ботокс е привремен, па затоа и настанатата парализа на мускулот и се враќа на нормала по неколку седмици.

Мој совет е внимателно да го изберете тој кој ќе му го доверите своето здравје, да е искусен и да е спремен да се справи со сите ретки и несакани компликации.

Естетската медицина е една преубава гранка на медицината која дава неверојатни трансформации и успешни промени во личностите.

nena-m-jordanov-doktor-po-estetska-medicina-se-bockam-i-sama-ne-mi-se-dopagja-koga-kje-se-pretera-so-botoks-i-fileri-12.jpeg

Колку време се изведува една процедура и каде ги изведувате?

Сите интервенции се изведуваат во ординацијата, според комплексноста на зафатот, некои траат 15-тина минути, други до 1 час.

nena-m-jordanov-doktor-po-estetska-medicina-se-bockam-i-sama-ne-mi-se-dopagja-koga-kje-se-pretera-so-botoks-i-fileri-15.jpeg

Колку време трае ефектот? На колку време се изведуваат процедурите?

Ефектот на филерите зависи од типот и местото на инјектирање.

Филери за усни 9-12 месеци. Останати филери 12-24 месеци.

Ефектот на ботокс е варијабилен, во просек 4-6 месеци.

Мезоконците имаат подолг ефект до 2 години.

Мезотерапиите и хемиските пилинзи се повторуваат спрема индикацијата на една недела до 3 недели во една сезона.

nena-m-jordanov-doktor-po-estetska-medicina-se-bockam-i-sama-ne-mi-se-dopagja-koga-kje-se-pretera-so-botoks-i-fileri-16.jpeg

Што е мезотерапија и кои се придобивките од неа?

Мезотерапијата е постапка со која се вбризгуваат во кожата различни медицински коктели со цел да се освежи, да се затегне и да се постигне анти-ејџинг ефект.

Со неа можеме во неколку сеанси да добиеме извонредно подобрување во квалитетот и изгледот на кожата.

nena-m-jordanov-doktor-po-estetska-medicina-se-bockam-i-sama-ne-mi-se-dopagja-koga-kje-se-pretera-so-botoks-i-fileri-03.jpeg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Ангела од Охрид е докторка со страст за животот - свири клавир, вежба и обожава патувања (фото) „И покрај тоа што потекнувам од докторска фамилија, мајка специјалист педијатар ...
Ненад Ѓоргиевски за татковството: „Близнаците се родени предвреме, додека беа во инкубатор знаев дек... „Се трудам да ги научам близнаците да бидат добри луѓе, но не е лесно да се спра...
„Меморија“ пред скопскиот концерт: „Секој што бил дел од бендот во овие 40 години, оставил свое парч... „Само 10 дена по заминувањето на Вики, сопругата на Поце, Меморија не го откажа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg