Ненад Петровски, колекционер на автомобилчиња: „Имам 500 модели, а најскапото парче ме чинеше 4.000 денари“

Една од информациите на која наидов додека читав за моделот користен во филмот Back to the future, популарниот DeLorean, е дека идејата била, да се користи фрижидер за патување низ времето, но набрзо смениле во автомобил.

DeLorean е избран заради нерѓосувачкиот челик од кој бил изработен, бидејќи само тој би можел да го издржи патувањето низ времето. Брзината од 88 милји на час, која во филмот мора да се постигне како брзина за да се патува низ времето е одбрана сосема случајно, едноставно лесно се памтела.

nenad-petrovski-kolekcioner-na-avtomobilchinja-imam-500-modeli-koi-mi-se-strogo-odbrani-i-samo-jas-gi-chistam-15.jpg

Како реагираат најблиските на ова твое хоби?

Домашните ме поддржуваат и пополека им станува интересно. Иако некогаш ќе ми искоментираат: уште ли со тие модели.

Но, на пример гости кога доаѓаат има такви што не ни приметуваат дека ги имам моделите, но има и такви што им е интересно да ги гледаат сите тие модели.

nenad-petrovski-kolekcioner-na-avtomobilchinja-imam-500-modeli-koi-mi-se-strogo-odbrani-i-samo-jas-gi-chistam-10.jpg

Има ли многу колекционери во Македонија?

Со помош на социјалните мрежи се појавија доста колекционери, што и мене ме изненади. Има колекционери од цела Македонија кои имаат доста добра колекција.

Некои од нив навлегоа и во комплетна реставрација на моделите, но и во делот на нивна преправка. Под преправка се подразбира да се офарба моделот повторно, некогаш и со друга боја, да се сменат тркалата со тркала со многу подобар квалитет, како и промена на внатрешниот ентериер.

Отприлика иста промена што се прави и на вистински автомобил, истото се прави и на овие модели. Крајниот резултат често фасцинира, бидејќи фабричкиот модел добива непрепознатлив лик, доживува комплетна трансформација и многу подобар изглед.

nenad-petrovski-kolekcioner-na-avtomobilchinja-imam-500-modeli-koi-mi-se-strogo-odbrani-i-samo-jas-gi-chistam-06.jpg

Каков настан за колекционери претстои наскоро?

Со уште други двајца колекционери од Куманово, се решивме да ја заживееме идејата за изложба на модели од нашите колекции. Сакавме колекционерството, општо, како хоби да го промовираме во Македонија.

Верувам дека има многу колекционери во многу други области. Сакаме оваа изложба да биде едноставно дружење, разменување на искуства и запознавање со други колекционери.

nenad-petrovski-kolekcioner-na-avtomobilchinja-imam-500-modeli-koi-mi-se-strogo-odbrani-i-samo-jas-gi-chistam-09.jpg

По тој повод ги поканувам сите заинтересирани да дојдат на предновогодишна колекционерска дружба, каде ќе имаат можност да ги видат сите тие мали автомобили, но ќе имаат и можност и да си купат.

Некои ќе се присетат на првите вистински автомобили што ги имале во нивната младост, а некои кога биле деца. Идејата е оваа изложба да се одржува барем два пати годишно.

nenad-petrovski-kolekcioner-na-avtomobilchinja-imam-500-modeli-koi-mi-se-strogo-odbrani-i-samo-jas-gi-chistam-13.jpg

Дружбата е закажана за 17.12.2022 Декември (сабота) со почеток во 18 часот сè до 21 часот, во Клуб на занаетчии во Куманово. Најбитното: Влез СЛОБОДЕН.

Напоменувам дека за првпат во Македонија се организира ваков настан и би ни било посебно драго доколку присуствувате во што поголем број.

Прочитајте и Прва Колекционерска средба на модели на автомобили во Македонија

Повеќе фотографии од колекцијата на Ненад:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ненад Ѓорѓиевски за татковството: „Близнаците се родени предвреме, додека беа во инкубатор знаев дек... „Се трудам да ги научам близнаците да бидат добри луѓе, но не е лесно да се спра...
Влатко Тасевски, сликар: „Црпам инспирација од секојдневниот живот, претпочитам да сликам навечер“ „Долго време, моите уметнички определби беа скриени како хоби. Луѓето, навикнати...
Панчо е страстен колекционер на патики: „Имам 136 пара“ „Со постариот син Андреја веќе сме ист број и тој ги носи моите патики и искрено...
Водителката Александра Пановска Илиевска за љубовта со сопругот: „Ме запроси со прстен стуткан во ша... „Запросувањето се случи во Барселона, не ни сонував дека ќе успее да ме изненади...
Дејан Петровски 35 години учествува на „Галичка свадба“: „Зетот секогаш има трема, но трае до првиот... „Свадбата оди во живо и нема место за повторување на церемонијата. Сите се клучн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg