Интервју со дуото ДНК: Панчо во кафеана ја нарачува „Недеља“ од Џеј, Андреј вели дека уште се истите како пред 20 години

Има ли песна која не сакате повеќе да ја изведувате и зошто? А, која ви е омилена?

Панчо: Не верувам дека има таква, можеби „Уште еден ден“ која е напишана за мојата мајка која почина пред 7 години и е мојот најголем пораз во животот.

Ме совладуваат емоции и таа ја чувам себично за себе. Пробав на концертот во 2015 да ја испеам без ниту една проба, но не ми идеше…

Андреј: Постојат песни кои различно ги доживуваме и двајцата и некои песни ни се по при срце од некои други, но сите ни се драги затоа што одбележуваат некој одреден период од изминативе 20 години, а она што е најважно е дека сè уште ги изведуваме со ист интензитет сите песни.

Со која македонска или регионална ѕвезда посакувате соработка или планирате во блиска иднина?

Панчо: Па има одлични артисти и музичари на кои јас се восхитувам. Никогаш не кроиме планови бидејќи соработките треба да дојдат спонтано, сѐ што е форсирано на крај излага пластично, затоа не форсираме, но секако дека планираме да има дуети со останати колеги дали балкански или наши македонски.

Андреј: Сите наши песни во кои сме имале гостување од некои наши колеги биле спонтани и самите песни давале насока каков тип на вокал или инструмент би бил соодветен за таа песна и сите тие соработки досега поминале одлично така да верувам дека и во иднина ќе имаме доста соработки и со наши и со странски музичари.

View this post on Instagram

A post shared by Pancho | DNK (@djshortypofficial)

Какви родители сте? Одите ли на родителски? Ги носите ли на концерти децата? Колку славата ви е „вмешана“ во приватниот живот?

Панчо: Тоа треба да ги прашате моите два сина Андреја и Марјан. На родителски не одам, на концерти го носам за сега Андреја кој има 11,5 години и прв голем настан му беше минатогодишниот Таксират, па летоска беше со мене на Tyga кој е ѕвезда од светски калибар.

Славата не може да ми е вмешана бидејќи негде погоре одговорив дека јас не се осеќам славен нити некогаш сум бил. Ја сум Панчо, Владимир истиот оној кој ме знаат сите од маало или од флипери, школо, утакмици и било и каде да ме запознале. :)

Андреј: Да! Одам и на родителски, а исто така сум ја однел Јана и на претстава и на концерт. И да едвај чекам ќерка ми да ми дојде и на мене на концерт на 20 години ДНК.

Колку е променет ноќниот живот во Скопје, но и музичката естрада во Македонија? Што ви недостасува од порано?

Панчо: Па доста е променет. Нејќам да звучи како клише, но мислам дека Скопје го изгуби оној дух кој го носеше.

Верувам дека сè си доаѓа со новото време и генерации и немам проблем со тоа но ете мене ми фали малце тој период на смиреност и знаење кој каде припаѓа и кој е кој, сега се измешани многу работи.

Околу естрадата немам што да коментирам, гледате и сами малтене да не постои.

Младите денес се фокусираат на кавер изведби и сакаат да на побрз начин стасаат до настапи па пеат туѓи песни што нема никаков проблем нели, но едноставно не се трпеливи да изградат сопствена кариера и идолизираат некои други вредности за жал.

Факт, животот во денешно време е брз но затоа уметноста и душата нејзина трпи заради тоа.

Едноставно затоа нема сцена. Сакаат да настапуваат со туѓи песни, а не да се градат и да ги знаат и препознаваат по авторската музика.

Голема штета но секој си жнее тоа што си сее на крајот од денот нели.

Ѕвезда преку ноќ не се станува, тоа е моментална ситуација односно сензација, за да одржиш нешто сака многу труд, посветеност, макотрпна работа и треба да пребродиш многу искушенија, подеми и падови, никој не рекол дека е или ќе биде лесно.

Андреј: Јас воопшто не сум компетентен за да одговорам на ова прашање поради тоа што минативе 10-тина години не водам многу активен ноќен живот така да единствени излегувања ми се излегувањата на нашите настапи ширум земјава и надвор од неа.

Какви песни да очекуваме во блиска иднина? Дали ќе продолжите во стилот на „Ако утре ме нема“ или ќе се вратите на стариот стил?

Панчо: Ние можеби важиме за единствено дуо во МК кое сака да експериментира и храбро знае да направи драстична промена со секоја нова песна, да не кажеме од крајност во крајност.

Ја имаш „Ромео и Јулија“ од една страна па „Ако утре ме нема“ Ја имаш „Милион денови“ нашиот најнов сингл, па ја имаш „Дада“.

Ние сме поп/рнб бенд кој прави музика како што се осеќаме во моментот кога седнуваме во студио со нашиот трет ДНК член Лазар Цветковски и така тераме.

Кога ќе нè допре нас тројца не мислиме каков стил е туку како звучи финално. Да имаме свој печат, но и секогаш го даваме сегде во било кој стил на песна.

Андреј: Како што напоменав во одговорот на првото прашање, тоа што можеби не разликува од многу музичари е шареноликоста на стилови застапени во нашите песни, а тоа е нешто на што нашата публика сè уште реагира позитивно и после 20 години ни е сè уште лојална.

Така и ќе продолжиме и во иднина, музички ќе менуваме стилови, ќе еволуираме и ќе работиме искрено од срце само за неа!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg