Инспиративен лик: Филип Иванов – пастор во Велес, голем хуманитарец и вљубеник во природа, кој оди на служба и во Африка

Постојано сте активни за да им помогнете на луѓето... Какви хуманитарни акции правите?

Милосрдната дејност на Евангелска Црква тука во Велес веројатно е првата асоцијација за мене. Откако јас го презедов водството на црквата, ние започнавме со активно и редовно служење и помагање на нашите социјално загрозени сограѓани.

inspirativen-lik-filip-ivanov-pastor-vo-veles-golem-humanitarec-i-tatko-za-medal-koj-odi-na-sluzhba-i-vo-afrika-23.jpg

Моментално помагаме на стотици деца и луѓе со пакети храна, топли оброци, облека, помош во лекови и медицински третмани итн. Досега имаме направено и опремено две сензорни соби за деца со аутизам во две основни училишта тука, реновиравме куќи на поединци и семејства, дониравме за Детското Одделение и Неонатологија при Општа Болница – Велес, го помагаме Развојното Советувалиште при Здравствен Дом – Велес, имаме соработка и донации кон Здружението на лица со церебрална парализа и други вакви и слични дела на милосрдие.

inspirativen-lik-filip-ivanov-pastor-vo-veles-golem-humanitarec-i-tatko-za-medal-koj-odi-na-sluzhba-i-vo-afrika-16.jpg

Имаме и проект за стипендирање на средношколци и студенти, вкупно тринаесет деца во чија иднина вложуваме.

inspirativen-lik-filip-ivanov-pastor-vo-veles-golem-humanitarec-i-tatko-za-medal-koj-odi-na-sluzhba-i-vo-afrika-18.jpg

Кога зборуваме за милосрдие, нешто специфично е мојата служба во Африка, каде што во последниве десет години одам да служам и од Македонија помагаме сиропиталиште со стотина дечиња, а исто така помагаме во изградбата и одржувањето на училиште со три стотини дечиња во „џунглата“ во Уганда.

inspirativen-lik-filip-ivanov-pastor-vo-veles-golem-humanitarec-i-tatko-za-medal-koj-odi-na-sluzhba-i-vo-afrika-14.jpg

Учествуваат ли Македонците во хуманитарите акции?

Сè што ние сме направиле досега и сè што правиме на редовна основа е 100% со средства од Македонци, во најголем дел поединци, ретко кога фирми или компании тука од Македонија.

Луѓето навистина се дарежливи и штедри, посебно кога ќе знаат и ќе видат дека храната, облеката или средствата завршиле на вистинското место.

inspirativen-lik-filip-ivanov-pastor-vo-veles-golem-humanitarec-i-tatko-za-medal-koj-odi-na-sluzhba-i-vo-afrika-05.jpg

Во колкава мера се почитуваат верските празници кај нас?

Кај нас, за жал, настаните околу верските празници неретко се сведуваат на исполнување на вакви или онакви народни обичаи, додека се занемарува суштината на истите – соединувањето со Христа Спасителот.

Секој празник е всушност потсетување и учество во настаните од нашата спасителна историја, како раѓањето на Спасителот – Божиќ, Неговите смрт и воскресение – Велигден...

inspirativen-lik-filip-ivanov-pastor-vo-veles-golem-humanitarec-i-tatko-za-medal-koj-odi-na-sluzhba-i-vo-afrika-12.jpg

Советот кој им го давате на сите верници е...

Мојот совет до сите верници е тие да негуваат жив, постојан личносен однос со Господ Исус Христос, верата, молитвата и читањето на Светото Писмо да им се секојдневие, а во сите нешта да ја одржуваат благодарноста кон Бог во срцата, та само така ќе можат да ги вкусат плодовите на побожноста (љубов, радост, мир...) уште сега и тука.

inspirativen-lik-filip-ivanov-pastor-vo-veles-golem-humanitarec-i-tatko-za-medal-koj-odi-na-sluzhba-i-vo-afrika-11.jpg

Повеќе фотографии од пасторот Филип Иванов на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Марија од Велес живее во Хамбург: „Се преселивме со другарка, Германците постојано ми бараат ајвар“ „Неодамна гости ми побараа ајвар. За среќа имав. Па, сега има проблем кога ќе им...
Maкедонија има талентирани млади луѓе: Филип Велковски е наш кларинетист, кој работи и како модел (ф... „Можеби звучи како клише, но ние музичарите мораме да започнеме од најмала возра...
Филип Костовски, чевлар: „Ги поправив најскапите чизми што сум ги видел, чинат над 4.500 долари“ „Чизмите за поправка ги донесе Македонка која работи во странство. Нè пофали за ...
Ракометарот Филип Лазаров за родното Свети Николе: „Таму и денес со другарите од детството играм бас... „Нашата куќа беше во близина на кошаркарското игралиште, па додека татко ми седе...
Дарио Ивановски пред маратонот на Олимпијадата за CRNOBELO.com: „Секој ден трчам по 25km, подготвен ... „Ова е моја прва Олимпијада и секако дека сум возбуден. Подготвен сум на сите пр...
Филип Николоски: „Живеам со церебрална парализа, но животот е преубав ако се знае како да се живее“ „Мојата дијагноза е церебрална парализа, но животот е преубав и покрај сè, ако с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg