Ракометарот Филип Лазаров за родното Свети Николе: „Таму и денес со другарите од детството играм баскет“

„Нашата куќа беше во близина на кошаркарското игралиште, па додека татко ми седеше пред дуќанот со пријателите и ми дозволуваше да играм до касно навечер, мајка ми викаше од терасата за да ме прибере дома кога е време за вечера или спиење“, открива ракометарот Филип Лазаров во серијалот „За мојот роден град“ за CRNOBELO.com.

rakometarot-filip-lazarov-za-rodnoto-sveti-nikole-tamu-i-denes-so-drugarite-od-detstvoto-igram-basket-01.jpg

Ракометарот Филип Лазаров е роден во Свети Николе во 1985 година, а на свои 14 години си заминал од градот.

Помалиот брат на Кире Лазаров и денес често се враќа во родниот град, каде што живее неговата мајка, а вели дека тоа го прави со голема радост.

rakometarot-filip-lazarov-za-rodnoto-sveti-nikole-tamu-i-denes-so-drugarite-od-detstvoto-igram-basket-06_1.jpg

За CRNOBELO.com Филип раскажа кои се 5-те најубави нешта кои го врзуваат за Свети Николе и што го прави градот посебен во неговите очи:

„Иако многу рано излегов од Свети Николе, на 14 години, секогаш со задоволство се враќам назад, а деновите поминати таму со пријателите и другарите од детството се секогаш пријатни и убави.

Бидејќи тие пријателства се стекнати во некое друго време, се многу поцврсти и поискрени од кои било други. Со тие пријатели и денес кога сум во Свети Николе играм баскет, исто како и пред 10-15 години.

rakometarot-filip-lazarov-za-rodnoto-sveti-nikole-tamu-i-denes-so-drugarite-od-detstvoto-igram-basket-15.jpg

rakometarot-filip-lazarov-za-rodnoto-sveti-nikole-tamu-i-denes-so-drugarite-od-detstvoto-igram-basket-06.jpg

Градскиот парк - ова е еден од најубавите паркови во Македонија, барем за мене. Споен е со градскиот плоштад и тоа е делот од градот каде што се случува буквално сè.

Излегуваш и за саат време, додека пиеш кафе во некое од кафулињата, ќе го сретнеш секој што ти треба или ќе слушнеш што најново се случило во градот.

Тука има неколку убави кафулиња со пријатна атмосфера за уживање во деновите со сонце и голема прекрасна фонтана што се простира во средината на паркот.

rakometarot-filip-lazarov-za-rodnoto-sveti-nikole-tamu-i-denes-so-drugarite-od-detstvoto-igram-basket-10.jpg

rakometarot-filip-lazarov-za-rodnoto-sveti-nikole-tamu-i-denes-so-drugarite-od-detstvoto-igram-basket-05_1.jpg

rakometarot-filip-lazarov-za-rodnoto-sveti-nikole-tamu-i-denes-so-drugarite-od-detstvoto-igram-basket-05.jpg

Кошаркарското игралиште - кошарката беше моја голема љубов, па поголемиот дел од детството го поминав токму таму.

Преку улицата беше дуќанот каде што работеше мајка ми, па неретко се случуваше рано наутро да одиме заедно, таа на работа, а јас да направам утрински тренинг откако цела ноќ сум гледал некој добар NBA playoff натпревар.

Нашата куќа беше исто така во близина, па додека татко ми седеше пред дуќанот со пријателите и ми дозволуваше да играм до касно навечер, мајка ми викаше од терасата за да ме прибере дома кога е време за вечера или спиење.

rakometarot-filip-lazarov-za-rodnoto-sveti-nikole-tamu-i-denes-so-drugarite-od-detstvoto-igram-basket-12_copy.jpg

rakometarot-filip-lazarov-za-rodnoto-sveti-nikole-tamu-i-denes-so-drugarite-od-detstvoto-igram-basket-02_1.jpg

Ракометното игралиште - отворено ракометно игралиште со цементирана подлога, каде што ги направив првите ракометни чекори.

Најпрвин ги гледав тренинзите кои ги водеше мојот татко, а истовремено играше заедно со мојот брат, а потоа и самиот јас таму ги направив првите тренинзи.

rakometarot-filip-lazarov-za-rodnoto-sveti-nikole-tamu-i-denes-so-drugarite-od-detstvoto-igram-basket-02.jpg

rakometarot-filip-lazarov-za-rodnoto-sveti-nikole-tamu-i-denes-so-drugarite-od-detstvoto-igram-basket-08_copy.jpg

Новиот парк - ова е место каде што одевме кога правевме работи, а не сакавме да бидеме видени, дали тоа биле љубовни почетоци и приказни, или друштвени собиранки во касните вечерни часови.

rakometarot-filip-lazarov-za-rodnoto-sveti-nikole-tamu-i-denes-so-drugarite-od-detstvoto-igram-basket-09.jpg

rakometarot-filip-lazarov-za-rodnoto-sveti-nikole-tamu-i-denes-so-drugarite-od-detstvoto-igram-basket-03.jpg

Ѓуриште - Тоа што е Водно за Скопје, тоа е Ѓуриште за Свети Николе. На 15-тина километри од градот, на 800m надморска височина, каде светиниколчани одат во слободно време и уживаат во природните убавини.

Незаборавни се, секако, одењата таму за Први и Втори Мај, каде што цел град, впрочем одеше, и го организираше својот пикник.

Преспивавме во шатори, печевме скара, игравме фудбал и, секако, одевме на неизбежната прошетка со девојката или симпатија низ шумата до врвот на планината“.

rakometarot-filip-lazarov-za-rodnoto-sveti-nikole-tamu-i-denes-so-drugarite-od-detstvoto-igram-basket-14.jpg

rakometarot-filip-lazarov-za-rodnoto-sveti-nikole-tamu-i-denes-so-drugarite-od-detstvoto-igram-basket-11.jpg

Повеќе фотографии од Филип Лазаров и од Свети Николе на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Филип Тодоровски, пилот во Wizz Air: „Капетанот ја има најголемата одговорност за безбедноста на ави... „Поради неможност, пред сè поради финансиски причини, да го продолжам образовани...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Миро Кацаров за родниот град: „Старата чаршија во Штип ме научи на 'школо' кое нема цена“ „Роден сум во Штип и растен сум во бивша Југославија, каде сите маалски детски и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg