Урбан лик: Марјан Петков - стоматолог, сноубордер, вљубеник во Веспа и посветен сопруг и татко

Марјан вели дека откако станал семеен човек, излегува поретко, но како омилени локали би ги издвоил Three Kitchen & Bar и Public room.

urban-lik-marjan-petkov-stomatolog-snouborder-vljubenik-vo-vespa-i-posveten-soprug-i-tatko-foto-13.jpg

Сепак, ние го навративме на студентските денови кога имаше активно учество во ноќниот живот во Скопје и организираше забави…

„За време на моите студентски денови организиравме забави и работев по доста локали кои беа култни во тоа време. Работев и со доста познати градски менаџери и газди како Соме, Камењар, Пеџа, Гиц, Зоки Свила…

Локали кои би ги издвоил од тоа време се Дипломатик, Boulevard, Корнер, Ciao, Змија, Флок, Pret A Porter, Colosseum, Елемент, МКЦ, МНТ, Hard Rock, Cabrio итн.

urban-lik-marjan-petkov-stomatolog-snouborder-vljubenik-vo-vespa-i-posveten-soprug-i-tatko-foto-22.jpg

Скопје беше град препознатлив по ноќниот живот и добрата забава не само на Балканот, туку и пошироко. Се сеќавам дека во еден момент работеа 4 големи дискотеки (2-3000 луѓе) и многу ноќни барови и клубови. Доаѓаа по 4-5 светски познати диџеи и артисти неделно, имаше концерти, свирки, градот живееше секој ден во неделата до раните утрински часови.

Би сакал да се врати нормалниот живот и социјализација која ја загубивме со Ковид протоколите, енергијата која ја имаше градот, навиката на луѓето да одат на денско кафе, денските забави кои неретко продолжуваа до доцните ноќни часови, забавите во четврток и недела кои секогаш беа подобри од викенд.

urban-lik-marjan-petkov-stomatolog-snouborder-vljubenik-vo-vespa-i-posveten-soprug-i-tatko-foto-20.jpg

На Марјан омилено превозно средство му е неговата Веспа, за тоа од каде оваа љубов тој вели:

„Првиот мотоцикл го купивме со брат ми на 16-годишна возраст, во почетокот имавме мали скутери до 50 кубика, но подоцна почнавме да возиме и посериозни мотоцикли.

Првата Веспа ја купив во 1999 година, тоа беше „Vespa Cosa“ која целосно ја реставрирав и ја возев неколку години. По првото качување на неа, веднаш ме придоби со својот уникатен стил и начин на управување. Патував со неа на повеќе дестинации.

Веспа е уникатно доживување и стил, па по 10-годишна пауза од мотоцикли (поради сообраќајна незгода) повторно возам Веспа.“

urban-lik-marjan-petkov-stomatolog-snouborder-vljubenik-vo-vespa-i-posveten-soprug-i-tatko-foto-11.jpg

Кога станува збор за семејството и брачниот живот, го запрашавме Марјан која е тајната на среќниот брак…

„Партнерот да биде пред сè другар и да има разбирање и доверба. Со мојата сопруга можеме да одиме секаде сами без ничие друштво и да не ни недостига ништо, доволни сме си самите за друштво и забава.

Среќата е да се најде партнер со кој може да ги растеме заедно нашите деца во хармонија и љубов со кој може да уживаме во животот и да напредуваме.“

urban-lik-marjan-petkov-stomatolog-snouborder-vljubenik-vo-vespa-i-posveten-soprug-i-tatko-foto-23.jpg

Исто така, во последниве години патуваме повеќе од порано и од секое патување доаѓаме со нови искуства и спомени, тоа дополнително ни го разубавува заедничкиот живот.“

urban-lik-marjan-petkov-stomatolog-snouborder-vljubenik-vo-vespa-i-posveten-soprug-i-tatko-foto-12.jpg

На тема патувања Марјан вели дека е страстен сноубордер и како дестинација за бордање ги одбира Алпите во Франција, Италија и Швајцарија…

„Покрај дестинациите за сноубординг, сме патувале на повеќе дестинации од светот, а посебен впечаток ми остави Копенхаген, каде бев на стручен престој подолг период и каде го поставив експериментот за својот докторат.

Ме фасцинираше начинот на живот на Данците, нивната едноставност, професионалност и практичност, тие често се прогласувани за најсреќна нација на целиот свет.

Тоа е држава каде секој си го знае своето место, својата улога во системот и сè функционира беспрекорно. Данска е пример како совршено треба да функционира една држава и систем!“

urban-lik-marjan-petkov-stomatolog-snouborder-vljubenik-vo-vespa-i-posveten-soprug-i-tatko-foto-16.jpg

urban-lik-marjan-petkov-stomatolog-snouborder-vljubenik-vo-vespa-i-posveten-soprug-i-tatko-foto-07.jpg

Повеќе фотографии од Марјан на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg