Урбан лик: Марјан Петков - стоматолог, сноубордер, вљубеник во Веспа и посветен сопруг и татко

Шармантен, ведар и комуникативен, вистински професионалец на полето на стоматологијата и човек кој на пиедесталот го става семејството… Марјан Петков (44) е стоматолог со впечатлив моден стил, чиј заштитен знак е Веспата, а огромна љубов му се фитнесот и сноубордингот. „Станувам рано во 6 часот пред децата и сопругата …“, ја почнува својата приказна Марјан, вработен на Стоматолошкиот факултет на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за CRNOBELO.com.

urban-lik-marjan-petkov-stomatolog-snouborder-vljubenik-vo-vespa-i-posveten-soprug-i-tatko-foto-01.jpg

Некои луѓе едноставно се инспирација со начинот на кој го водат животот, а Марјан Петков (44) од Скопје е токму таков.

Тој е вљубеник во својата професија – стоматолог, но и вљубеник во животот. Обожава да патува, да ужива во мигот и работите да ги прави со насмевка.

urban-lik-marjan-petkov-stomatolog-snouborder-vljubenik-vo-vespa-i-posveten-soprug-i-tatko-foto-02.jpg

Од спортување до возење на Веспа и сноубординг, има различни видови на хоби и забава, а сепак најмногу од сè ужива во миговите минати со семејството.

urban-lik-marjan-petkov-stomatolog-snouborder-vljubenik-vo-vespa-i-posveten-soprug-i-tatko-foto-05.jpg

Тој е специјалист по стоматолошка протетика и доктор на науки по протетика.

Работи како стоматолог – Научен Соработник на Стоматолошкиот факултет веќе 20 години, а енергијата ја црпи од семејството, односно сопругата Сања, со која е 8 години во брак, и двете прекрасни дечиња, Ристо (6) и Дамјан (4).

Со него поразговаравме околу неговата професија, начинот на кој го води животот и што го исполнува најмногу.

urban-lik-marjan-petkov-stomatolog-snouborder-vljubenik-vo-vespa-i-posveten-soprug-i-tatko-foto-09.jpg

Марјан за CRNOBELO.com на тема својата професија открива:

„Ја работам оваа работа бидејќи ме исполнува, бидејќи ја сакам и сакам да создавам здрави, убави и трајни насмевки, сакам да едуцирам кадар и да бидам дел од образовниот процес на младите кадри.

urban-lik-marjan-petkov-stomatolog-snouborder-vljubenik-vo-vespa-i-posveten-soprug-i-tatko-foto-06.jpg

Вели дека во животот водилка му се две работи: „Смислата на животот е животот со цел. Да се открие, а потоа да се оствари своето животно дело – носи постојано исполнување!“ – Робин С. Шарма и „Добрите луѓе постојано работат на себеси“ – Конфучие.

urban-lik-marjan-petkov-stomatolog-snouborder-vljubenik-vo-vespa-i-posveten-soprug-i-tatko-foto-03.jpg

„Утрото го започнувам со чаша цеден сок и добра мисла. Станувам рано во 6 часот пред децата и сопругата, тоа е време за мене за да го започнам денот релаксирано, да се подготвам за дневните обврски. Тоа е навика која ми остана од времето кога го пишував докторатот, без разлика дали е викенд или одмор и сè уште ја практикувам.

urban-lik-marjan-petkov-stomatolog-snouborder-vljubenik-vo-vespa-i-posveten-soprug-i-tatko-foto-24.jpg

Читам книги секогаш кога имам слободно време, вежбам континуирано 30 години и секако внимавам на исхраната.

Ако говориме за активно занимавање со спорт тогаш тоа би било 17 години со фитнес, од секогаш сум бил хиперактивен, како помлад повеќе време поминував во фитнес салите, но сега повеќе ме привлекуваат спортовите надвор – возење велосипед, бордање и возење на wakeboard, секако секогаш наоѓам време и за фитнес, барем 3-4 пати неделно.“

urban-lik-marjan-petkov-stomatolog-snouborder-vljubenik-vo-vespa-i-posveten-soprug-i-tatko-foto-04.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg