Ѓорѓи Никушев: „Чувам питон, пар аргентински тегуа и ја имам најголемата колекција на пирани“
- Детали
- петок, 26 ноември 2021
„Чувам пар аргентински тегуа (огромни гуштери со потекло од Јужна Америка), потоа питон, имам и најголема колекција на пирани и низа други миленици. Половина плата трошам за струја и храна за нив“, открива Ѓорѓи Никушев од Скопје, кој веќе 5 години живее на Малта.
Ѓорѓи Никушев од Скопје веќе 5 години живее на Малта и во домот со својата партнерка Хелен чува низа егзотични миленици и тоа од змии и гуштери до најголемата колекција на пирани. Потоа чува ѝ жаба, а има и куче питбул, но тоа му е во Скопје.
За своето уникатно хоби и начинот на кој ги одгледува животните Ѓорѓи споделува за CRNOBELO.com:
„Чувам пар аргентински тегуа, потоа змија од видот „blood“ питон, а имам и најголема колекција на пирани. Покрај нив чувам и низа други видови на риби, а гледањето во аквариумите ми е најголемо задоволство и релаксација.
Од сите миленици не можам да издвојам некој како омилен, затоа што ги обожавам сите. Животни чувам откако знам за себе. Но, отровни животни не чувам.
Посебна нега и специфични услови бараат змиите, кај нив е важна влажноста на живеалиштето, топлината, УВ светлината итн. Ги хранам со месо, како што се замрзнати глувци, стаорци, пилиња... Рибите пак ги хранам со ракчиња, други видови на риби, октопод, биволско срце итн.
Ја трошам половина плата на струја и храна за нив. Мора да нагласам дека имам 3.500 литри вода во 12 големи аквариуми, а тоа се 12 надворешни филтер пумпи.
Ниту едно од моите животни не се гали, тоа се рептили и немаат исти чувства како куче или маче.