Александра Тодоровиќ: „Книгата е за децата да научат за старо Скопје – порано животот се одвиваше во чаршија и анови“

„Тогашните и сегашните навики драстично се разликуваат. Голем дел од животот на обичниот човек тогаш се одвивал во чаршијата, таму многу рано почнувал денот, занаетчиите ги светнувале дуќаните за бериќет“ – вели Александра за Скопје во отоманскиот период, кој е претставен во нејзината интерактивна книга.

aleksandra todorovikj avtor na interatkivnata kniga misteriozniot grad pod kaleto na vremeto golem del od zivotot se odvival vo carsijata se pielo vo anovi voda se polnela od cesmi se kupuvalo boza limonada 7

Александра Тодоровиќ од Скопје неодамна ја издаде интерактивната книга за деца и млади, насловена како „Мистериозниот град под калето“ во издание на „Либи“, импринт на „Арс Ламина“. 

Во младоста била пасиониран новинар и истражувачкото новинарство ѝ бил голем предизвик. Работејќи во МРТВ, во склоп на емисијата Скопска програма, имала можност да си го научи градот и да го засака со цело срце.

Во продолжение следува разговор со Александра, таа за CRNOBELO.com одговара на интересни прашања...

Од каде дојде до идејата да напишеш интерактивна книга за деца и младинци посветена на Скопје, и тоа од отоманскиот период?

После многу години се роди мојот син Иван, кој за среќа ја наследи љубопитноста од мене и така, кога порасна, почна да се интересира за историјата на градот.

Си го зедов за рака и правец на Калето, оттаму во чаршија и ми светна: ова мора да се овековечи! Мора да создадам книга за сите сегашни деца и за генерациите што доаѓаат за да научат зошто Скопје е град на различности и малку повеќе за неговата дваесетвековна традиција и историја.

Форматот на книгата мораше да биде во тек со времето во кое живееме. Ако се гледаме како развојна категорија, тогаш и создавањето ваков тип литература оди во тој правец. Оттаму интерактивна, необична, не се чита по редослед, за да биде забавна и да го задржи вниманието.

Што претставува за еден писател да ја оживее историјата на својот град?

Тоа е, пред сѐ, еден голем предизвик што бара многу љубов, но и многу време, енергија, труд, да се вложиш максимално за да излезе крајниот производ како што треба.

Пред да ја пласирам која било информација, ја проверував по десетпати, по локациите каде што бев, во музеите, од достапната литература и од други извори.

Тоа е напор, ама и голема чест. Моето име до Скопје! Така му покажав на Скопје дека го сакам вистински. И идејата на книгата е да им овозможи на децата да го засакаат градот преку игра, преку истражување и преку еден нестандарден начин на читање на книгата да се забавуваат.

 aleksandra todorovikj avtor na interatkivnata kniga misteriozniot grad pod kaleto na vremeto golem del od zivotot se odvival vo carsijata se pielo vo anovi voda se polnela od cesmi se kupuvalo boza limonada 3

Илустрациите се на Марко Јанев. Како течеше целата подготовка пред книгата да ја добие својата конечна верзија?

За среќа, имав можност да соработувам со Марко Јанев, кој е вистински професионалец. И тој исто така се вложи максимално и успеавме заедно да создадеме нешто со трајна вредност.

Подготовките изгледаа вака: секојдневни преписки по Месинџер, мејлови, телефонски разговори, фотографирање, неколку средби и после неколку месеци работа, илустрациите беа готови.

Историјата е многу опиплива работа. Кои беа твоите извори за да дојдеш до факти од еден далечен период?

Како извори ги користев музеите, односно кустосите кои работат во нив, литературата за тој период, историчари, обични луѓе кои секогаш ги имаат најдобрите приказни. Тоа е најдобриот дел од работата, запознав многу луѓе со кои сè уште контактирам и тие познанства се од непроценливо значење за мене.

aleksandra todorovikj avtor na interatkivnata kniga misteriozniot grad pod kaleto na vremeto golem del od zivotot se odvival vo carsijata se pielo vo anovi voda se polnela od cesmi se kupuvalo boza limonada 5

Какви навики имале тогашните луѓе што живееле на овие простори? Се „дочепка“ ли до некои традиции што денес речиси и не постојат?

Тогашните и сегашните навики драстично се разликуваат. Голем дел од животот на обичниот човек тогаш се одвивал во чаршијата, на пазарот.

Таму многу рано почнувал денот, занаетчиите ги светнувале дуќаните за бериќет, се пиело чај во ановите, вода се полнело од чешмите, од уличните продавачи се купувало боза, лимонада, се одело во јавни бањи од два влеза, посебни за мажи, посебни за жени. И уште многу работи кои веќе не постојат како дел од традицијата на современиот човек.

aleksandra todorovikj avtor na interatkivnata kniga misteriozniot grad pod kaleto na vremeto golem del od zivotot se odvival vo carsijata se pielo vo anovi voda se polnela od cesmi se kupuvalo boza limonada 2

Што најмногу ти остави впечаток од отоманскиот период?

Многу работи. Пред сѐ, културата, миксот на двете култури, храната која до ден денешен се готви, впечатливите бои, шарите на носиите, специфичното врзување со шамија, садовите во кои се готвела и чувала храната, ниските масички на кои ручале, како домаќинките ги испраќале своите домаќини на работа, односите во семејството кои биле многу цврсти и се базирале врз почит. Уште многу има, пет века се во прашање.

Што е следно? Можеби продолжение...?

Овој серијал, наречен „Скопје од А до Ш“, ќе има уште две продолженија. Вториот дел ќе го обработува Скопје во времето кога го доживува европскиот процут и кога станува вистинска метропола.

Скопје со Офицерски дом, Ристиќева палата, игранките, Корзото, Кермез... Третиот дел, пак, ќе биде Водич за деца во модерно Скопје.

Целиот серијал ќе биде достапен и на англиски јазик, така што големиот број туристи што доаѓаат во нашиот град ќе можат да дознаат нешто повеќе за нашата историја.

aleksandra todorovikj avtor na interatkivnata kniga misteriozniot grad pod kaleto na vremeto golem del od zivotot se odvival vo carsijata se pielo vo anovi voda se polnela od cesmi se kupuvalo boza limonada 1aleksandra todorovikj avtor na interatkivnata kniga misteriozniot grad pod kaleto na vremeto golem del od zivotot se odvival vo carsijata se pielo vo anovi voda se polnela od cesmi se kupuvalo boza limonada 1

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...
Бразилецот Клаудио за посетата во Македонија: „Македонките се преубави, таксистите наплаќаат трипати... „Локалците, кои јас ги запознав, се навистина заинтересирани за странци, посебно...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Благица Зикова, мајката на штипската четворка: „Трошиме по 25 пелени на ден, бебињата се мирни и спи... „Најтешко ми беше кога бев сама и немаше кој да ми помогне, па морав да ги храна...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg