Новогодишни честитки од Преспав: Миле порачува да намалите со алкохол, инспекторот посакува помалку рекети (видео)
- Детали
- четврток, 26 декември 2019
Специјално за CRNOBELO.com, инспекторот, сопствениците и вработените во пансион Преспав, им посакаа на нашите читатели и на нивните фанови желби за новата година – што ви порачуваат тие?
Во тек е долго очекуваната четврта сезона на хит серијата Преспав, која ги сплотува сите семејства пред малите екрани секој работен ден во 20:15.
Омилените ликови од пансионот успеваат да украдат насмевки на сечие лице, а токму тие им посакаа убави желби за 2020-та на читателите на CRNOBELO.com.
Фото: Фејсбук на Преспав
Го посетивме пансионот Преспав, каде на рецепција ги начекавме Јелена од Драчево, новиот сопственик Миле, кој порачува да не претерувате со алкохол, Ула која посакува „алес гут цум Нова година“, а тука беше и инспекторот Томе, кој порача помалку русвајти и рекети.
Празнично расположени и во добра атмосфера, новата година ви ја честитаат и Марио, Тони, Коста, Талат и Наим.