Скопскиот бенд „Визија“: Продолжуваме понатаму кон нова еволуција

На алтернативната сцена во Македонија со години кружи едно музичко име, бендот Визија кој широкоградо се пробива до посакуваната позиција во државата, но и пошироко. 

 skopskiot bend vizija prodolzuvame ponatamu kon nova evolucija 5

Групата, која допрва има што да пренесе на својата публика ја сочинуваат: Марко Џамбазоски (соло гитара, придружни вокали), Марко Гапо (вокал, ритам гитара), Лилјана Јанкова (бас гитара, придружни вокали) и Синиша Ѓорѓевиќ (тапани).   

Вашето постоење на алтернативната сцена во Македонија неодамна ви овозможи да бидете предгрупа на концертот на Суперхикс, самиот факт што успеавте да заземете една стабилна позиција зборува многу. Раскажете ни како се одвиваа подготовките и како помина самиот настап?

Суперхикс е една од најуспешните македонски групи и ни беше особена чест што бевме поканети да настапиме на нивниот концерт во арената Борис Трајковски.

Концертот помина во одлична атмосфера, салата беше преполна, a скопската публика како и секогаш беше на своето ниво. Eнергијата што нè исполни таа вечер сè уште не држи и драго ни е што со еден таков концерт ја заокруживме 2017 година.

Кога би се навратиле на вашите почетоци, што е она што прво ви паѓа на ум кога ќе се спомене бендот Визија?

Старата гаража под плочник каде што ги создадовме нашите најстари песни и на првите настапи во Скопје и Кавадарци каде што за прв пат во живо ја претставивме нашата музика пред публика.

После сите свирки и настапи, зад себе го имате и вашиот албум Гласно!, кој пред година-две беше промовиран во МКЦ Клуб и Ресторан, што е она на кое работите во моментот? Можеби следува нов албум или...?

Албумот Гласно! беше издаден во декември 2016, со концертна промоција која помина одлично, а наредната 2017 година со живи настапи го промовиравме и низ повеќе градови на Балканот.

Задоволни сме што беше одлично прифатен и што добивме позитивни критики. Сега, продолжуваме напред кон нова еволуција на бендот, моментално сме фокусирани на создавање нов материјал, а наскоро ќе бидат објавени датуми и за неколку нови настапи.

skopskiot bend vizija prodolzuvame ponatamu kon nova evolucija 4

Претпоставувам дека голем чекор за вашата кариера е минатогодишниот настап на музичкиот фестивал Егзит, какво е чувството да засведочите моменти кога вашите сонови чекор по чекор го добиваат обликот што го посакувате?

Егзит е еден од поголемите фестивали каде што досега сме настапиле и без сомнеж беше голем чекор во нашата кариера. Иако живееме во едно време каде што преовладуваат некои други (не)музички трендови, рок музиката секогаш си го наоѓа својот пат и избива на површина, но потребна е истрајност и пожртвуваност.

Доказ за ова е и тоа што нашата музика, иако пееме на мајчин јазик, повеќе пати стигнувала и до многу подалечни држави од Балканот, како што се САД и Британија од каде имаме добиено многу позитивни критики, па дури бевме и прогласени за еден од најдобрите нови бендови во светот.

Чувството е прекрасно знаејќи дека нешто што со многу љубов си го создавал во една гаражичка во Скопје, може толку многу да патува низ светот и да си ги најде своите слушатели. А тоа го може само уметноста.

skopskiot bend vizija prodolzuvame ponatamu kon nova evolucija 1

Ако го оставиме бендот настрана, гледаме дека дел од членовите на Визија се вклучени во еден видео-проект, поточно дел сте од ФлекаТВ, јутјуб канал кој објавува забавни видеа. Објаснете ни каква е идејата на самиот проект?

Флека е проект кој спонтано произлезе од нашата дружба. Најчесто ги третираме актуелните случувања и појави во нашето општество и на еден хумористичен начин упатуваме критика. Нашите видеа се достапни на нашиот youtube канал @FlekaTV и на нашата @facebook страна.  

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Емилија Масларковска-Каневче, туристички водич: „Не сум сретнала странец кој не е воодушевен од Маке... „Омилени ми се туристите од Азија. Љубопитни се и сакаат да ја дознаат нашата ис...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Сашо од Битола за животот на Флорида: „Кога си далеку од дома сè ти недостига – но, не знам дали би ... „Бидејќи работев на брод, беше лесно да извадам туристичка виза и да дојдам посл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg