Проф. д-р Васил Илиев: „ХПВ вирусот обично нема симптоми, најефикасна превенција е вакцина - треба да се вакцинираат и момчиња“

„ХПВ е најчесто сексуално преносливо заболување кое индиректно влијаје врз плодноста и бременоста, а може да предизвика рак и на вагината, вулват, пенисот, анусот, дишните патишта...“, вели проф. д-р Васил Илиев, специјалист гинеколог-акушер, субспецијалист по урогинекологија.

prof-d-r-vasil-iliev-hpv-virusot-obichno-nema-simptomi-najefikasna-prevencija-e-vakcina-treba-da-se-vakciniraat-i-momchinja-01.jpg

Професор д-р Васил Илиев е специјалист гинеколог-акушер, субспецијалист по урогинекологија со реконструктивна пелвична хирургија и субспецијалист по гинеколошка хирургија со повеќе од 40 години стручна и академска работа во Македонија и надвор од земјата.

Специјализацијата, супспецијализацијата и академската кариера до редовен професор ги изградил преку активно залагање на Клиниката за гинекологија и акушерство и Медицинскиот факултет при УКИМ, а имал и повеќегодишни престои во САД.

Со д-р Васил поразговаравме за хуман папилома вирусот, познат и како ХПВ, ризикот што претставува заразата со него, третманите, но и превенцијата.

prof-d-r-vasil-iliev-hpv-virusot-obichno-nema-simptomi-najefikasna-prevencija-e-vakcina-treba-da-se-vakciniraat-i-momchinja-02.JPG

Целото интервју во продолжение:

Што претставува ХПВ вирусот?

Хуман папилома вирус (ХПВ) е ДНК вирус кој припаѓа на фамилијата Papillomaviradae кој ја заразува кожата и мукозните мембрани кај луѓето. Идентификувани се околу 130 типови ХПВ.

Некои типови на ХПВ предизвикуваат појава на брадавици (verrucae) и се сместени во т.н. нискоризична група ХПВ, некои предизвикуваат рак на разни органи на човечкото тело и се групирани во т.н. високоризични типови на ХПВ. Повеќето луѓе кои се заразени од ХПВ не знаат дека го имаат вирусот.

Гениталните или аналните брадавици (condylomata acuminate или венерични брадавици) се најлесно препознатлив знак на генитална ХПВ инфекција. Иако голем број од типовите ХПВ можат да предизвикаат појава на генитални брадавици, типовите 6 и 11 се причинители во околу 90% од случаите.

Типовите 16, 18, 31, 33, 35, 39, 45, 51, 52, 56, 58, 59 и 68 се „високоризични“, сексуално преносливи типови ХПВ и можат да доведат до цервикална интраепителна неоплазија (CIN), вулварна интраепителна неоплазија (VIN), пенилна интраепителна неоплазија (PIN) и/или анална интраепителна неоплазија (AIN).

prof-d-r-vasil-iliev-hpv-virusot-obichno-nema-simptomi-najefikasna-prevencija-e-vakcina-treba-da-se-vakciniraat-i-momchinja-04.JPG

Како ХПВ вирусот придонесува за развој на рак на грлото на матката? Каква е врската меѓу чести инфекции со ХПВ и ризикот од цервикална дисплазија или рак?

ХПВ е најчесто сексуално преносливо заболување. Долги години станува збор за светска пандемија која ги зафаќа, во најголем случај, клетките на грлото на матката, на вагината, вулвата и пенисот кај жени и мажи кои се сексуално активни.

Во зависност од неговиот тип, ХПВ навлегува во клетката домаќин и како паразит ја става во своја служба. Taa почнува да создава протеини кои ќе го поткрепат размножувањето на вирусот во афектираното ткиво, со што ги уништува здравите клетки на ткивото и се нарушува или губи функцијата на афектираниот(те) орган(и).

Покрај рак на грлото на матката, дали вирусот го зголемува ризикот од некои други видови рак?

Да, ХПВ вирусот може да предизвика рак и на вагината, вулвата, пенисот, анусот, дишните патишта (орофаринкс)...

Дали заразата со ХПВ има влијание врз плодноста и бременоста?

ХПВ влијае врз плодноста и бременоста на индиректен начин. Имено, често, понапреднатите интраепителни лезии на цервиксот на матката бараат третман со некоја ампутациона интервенција што доведува до помало или поголемо скратување на грлото на матката, а пак тоа може да биде проблем за забременување, настанок на абортуси или предвремено породување.

Често постоење на високоризичен тип на ХПВ е причина да се избегне вагинално породување, односно да се заврши бременоста поради присуство на еден или повеќе ХПВ типови со царски рез.

Да не нагласувам посебно дека понапреднатите стадиуми, односно карцином на грлото на матката се третира покрај со отстранување на околни ткива, и со вадење на целата матка, така што завршува можноста за репродукција.

prof-d-r-vasil-iliev-hpv-virusot-obichno-nema-simptomi-najefikasna-prevencija-e-vakcina-treba-da-se-vakciniraat-i-momchinja-03.JPG

Од која возраст и колку често треба да се прави тест за ХПВ?

Избегнување на сексуален контакт со заразено лице е единствениот метод кој е 100% делотворен, но сепак има многу лица кои не се свесни дека се заразени со ХПВ.

Користењето презервативи претставува делумна заштита, но од изложена кожа може да се пренесе вирусот. Со редовни гинеколошки прегледи треба да се почне веднаш после почеток на сексуални односи.

Во нив ќе биде вклучен земање на брис од ексфолијаивна цитолошка анализа познат како Папаниколау тест (ПАП) кој дава извештај за можно постоење на интрапителни помени и известување за евентуално постоење на промени на клетките кои асоцираат дека постои ХПВ инфекција.

Децидна потврда за тоа дали постои или нема ХПВ инфекција се постигнува со земање на брис за ХПВ типизација кој се анализира со ПЦР техника на обработка на земениот материјал.

Значи, треба да се нагласи дека ХПВ инфекцијата е толку честа, што веќе во некои земји се применува, а во други се препорачува наместо ПАП, да се земаат редовно брисови од грлото на матката за ХПВ типизација.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Д-р Мери Берат, онколог: „Сонцето е една од причините за појава рак на кожа, најголем ризик има кај ... „Хронична изложеност на сонце е директно поврзана со појавата на одреден тип рак...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Наташа и Горан Папаз се родители на тројка: „Плачат сите наеднаш, трошиме по 24 пелени дневно, но ов... „Прво видоа 2, па по една седмица 3 бебиња и нема да ги заборавам зборовите на Г...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Д-р Драгана Емел Маркоска, педијатар: „Магија за имунитет нема – не давајте антибиотик сами и не трч... „Здраво дете може да биде болно 7-8 пати годишно. Нормално е тоа, важно е да не ...
Љубовната приказна на Светлана и Мики Црнокрак: „Паднав врз Мики на писта, тоа беше почеток на нашат... „Утрото на свадбата, Мики си се спремил, се дотерал, изнајмил трубачи и како на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg