Проф. д-р Васил Илиев: „ХПВ вирусот обично нема симптоми, најефикасна превенција е вакцина - треба да се вакцинираат и момчиња“

Кои се најчестите симптоми на ХПВ инфекцијата?

За жал, самата инфекција со ХПВ нема никакви симптоми, па најчесто луѓето и не знаат дека се инфицирани со ХПВ.

Дури и веќе настанати интраепителијални лезии немаат некои специфични симптоми - затоа уште еднаш ќе ја нагласам важноста за редовни гинеколошки контроли и брисови за ПАП, односно ХПВ типизација.

prof-d-r-vasil-iliev-hpv-virusot-obichno-nema-simptomi-najefikasna-prevencija-e-vakcina-treba-da-se-vakciniraat-i-momchinja08.jpg

Како се одвива лекувањето – дали се користи терапија, промена на животни навики, зајакнување на имунитетот?

Не секоја инфекција со ХПВ опстојува и/или напредува во клеточни промени кај човек доколку имунолошкиот систем на организмот ефикасно го отстрани, односно уништи.

Значи, уреден здрав начин на живот со редовна физичка активност, здрава исхрана, избегнување на пушење, алкохол и други штетни материи, употреба на кондоми и редовни контроли се на некој начин голем придонес за здравјето.

Лесните степени на интрапителни лезии-ЦИН1 во 60% случаи се повлекуваат, во случај на ЦИН2и3 регресија настанува во 20% до 40%, а во 20% до 70% прогресираат.

При постоење на генитални брадавици може да се примени отстранување на брадавиците.

Можностите вклучуваат:

  • Креми на рецепт
  • Трихлороцетна киселина
  • Замрзнување - се одвива со течен азот
  • Горење брадавици со електрична струја
  • Отсекување на брадавицата
  • Ласерски третман
  • Имунотерапија — третмани кои го поттикнуваат имунолошки систем да се бори против ХПВ инфекцијата

Ако високоризичниот ХПВ е откриен во грлото на матката за време на ПАП тест или ХПВ-ДНК тест, ќе треба да изврши колпоскопски преглед и евентуално биопсија на која било област на грлото на матката што изгледа абнормално.

При постоење на преканцерози на грлото на матката на кои им е потребно отстранување, можни процедури се:

  • Loop electrosurgical excision procedure (LEEP) — отстранување на тенок слој на грлото на матката со електрично наелектризирана жица со јамка
  • Конизација со нож — хируршка процедура која отстранува парче од грлото на матката во облик на конус
  • Ласерски третман

Третманот на понапреднатите интраепителни лезии е различен, но често е со ампутација на афектираниот дел од грлото на матката.

prof-d-r-vasil-iliev-hpv-virusot-obichno-nema-simptomi-najefikasna-prevencija-e-vakcina-treba-da-se-vakciniraat-i-momchinja09.jpg

Кажете ни нешто повеќе за ХПВ вакцината – кога се прима, колку е ефикасна, заблуди и митови во кои јавност погрешно верува? Дали треба да се вакцинираат и мажите?

Најефикасен начин на превенција е вакцинацијата. Со вакцинирање на возраст помеѓу 12 и 16 години се постигнува најдобар имунолошки одговор на организмот. Се вакцинираат и девојчиња и момчиња пред да бидат изложени на вирусот.

Со инаугурирање на девет-валентната ХПВ вакцина тој дијапазон на возраст се зголеми до 26 години, особено доколку се има негативен тест од типизација на ХПВ кај индивидуата.

Вакцините досега спасија повеќе животи од кој било друг пронајдок во историјата на човештвото.

Родителите и децата ја имаат најважната улога во процесот на одлучување за ХПВ вакцината и затоа им се потребни проверени информации за да ги разберат придобивките од вакцината.

Се проценува дека ХПВ вакцината може да спречи 70% од случаите на цервикален карцином, 80% од анален карцином, 60% од вагинален карцином, 40% од вулварен карцином, и покажуваат повеќе од 90% успешност во спречувањето на ХПВ позитивните орофарингеални карциноми.

Во однос на заштитата, веќе се достапни податоци за потврдена ефикасност од повеќе од 10 години на оваа деветвалентна вакцина.

prof-d-r-vasil-iliev-hpv-virusot-obichno-nema-simptomi-najefikasna-prevencija-e-vakcina-treba-da-se-vakciniraat-i-momchinja-05.JPG

Дали ХПВ вирусот секогаш претставува ризик кај жените што го имаат додека да се излечи?

Да, секако, особено ако се високоризични типови на ХПВ. Пред сè мислам дека секој којшто знае дека има инфекција со ХПВ ќе биде внимателен и ажурирано ќе ги спроведува редовните контроли.

Комбинација на ХПВ типизација со ПАП тест е идеален скрининг и превентивен чекор.

Прочитајте и: Проф. д-р Васил Илиев: „Со често празнење на мочниот меур се намалува неговиот капацитет“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Софија Спирова | Црнобело

фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

Д-р Мери Берат, онколог: „Сонцето е една од причините за појава рак на кожа, најголем ризик има кај ... „Хронична изложеност на сонце е директно поврзана со појавата на одреден тип рак...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Наташа и Горан Папаз се родители на тројка: „Плачат сите наеднаш, трошиме по 24 пелени дневно, но ов... „Прво видоа 2, па по една седмица 3 бебиња и нема да ги заборавам зборовите на Г...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Д-р Драгана Емел Маркоска, педијатар: „Магија за имунитет нема – не давајте антибиотик сами и не трч... „Здраво дете може да биде болно 7-8 пати годишно. Нормално е тоа, важно е да не ...
Љубовната приказна на Светлана и Мики Црнокрак: „Паднав врз Мики на писта, тоа беше почеток на нашат... „Утрото на свадбата, Мики си се спремил, се дотерал, изнајмил трубачи и како на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg